verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Волшепство – еден станува 400

on 11 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #056 - 'Земјоделците во делчевско задоволни од субвенциите I Сител Телевизија' - sitel_com_mk_zemjodelcite-vo-delchevsko-zadov

[Рецензија: Земјоделците во делчевско задоволни од субвенциите]

 

Рецензираме извештај за нова епизода паради што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги прави низ Македонија, настапувајќи како и понатаму да премиер, па ветува нови инвестиции, се распрашува како оди исплатата на субвенции…
Медиумите што го следат секој негов чекор се составен дел на неговата служба за односи со јавноста и објавуваат наместени ситуации за да се увеличи неговиот лик и делото. Сепак, во извештаите од тие настани, колку да се изрежирани, еднина не може да се прикажува како множина, а интервјуто со еден човек кој вели дека е задоволен од нешто, не може да се прикажува како задоволство од 400 луѓе.

FireShot Screen Capture #058 - 'Земјоделците во делчевско задоволни од субвенциите I Сител Телевизија' - sitel_com_mk_zemjodelcite-vo-delchevsko-zadovЛинк до оригиналниот напис:
Земјоделците во делчевско задоволни од субвенциите

Датум и време на објавување: 07.03.2016 16:55

Датум на рецензирање: 09.03.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

СЛИКА НЕ ЛАЖЕ

Секоја фотографија или снимка е производ на фотографски апарат или камера, чиј составен дел е објективот. Тоа, технички преведено, значи дека ја репродуцира објективната слика од настанот. Ова треба да го следат и медиумите. На фотографијата и на инсертот кој е прикажан од посетата на Груевски на село Град, гледаме еден постар човек, кој е претставен како жител на ова село во разговор со Груевски. Тој на прашањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дали има субвенции, кратко одговара: „ Дават, дават“.

Од овој разговор меѓу нив двајца, направен е необјективен извештај во кој е преувеличено присуството на жителите и задоволство од политиките што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ:

 

„Околу 400 жители на село Град на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски изразија благодарност за субвенициите коишто ги имаат добиено за помош во овоштарството и сточарството како главни гранки со коишто се занимаваат.“

 

ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА

Ако Груевски на некое друго место во ова село навистина се сретнал со 400 негови жители, (селото Град инаку нема ни месна заедница), тоа требало да се објасни или да се документира со снимениот матерјал и со повеќе изјави. Во прилогот и од фотографиите може точно да изброиме колку жители присуствувале на тој настан, вклучувајќи го и градоначелник на Делчево, Дарко Шехтански, и неговата и екипата на Грувески – сè на сè, десетина луѓе.

Од овој и од другите медиуми дознаваме дека Груевски истиот ден го посетил и селото Вирче, каде, според фотографиите и снимните прилози, се гледа поголема маса луѓе, а најмногу се задржал во Делчево, каде навистина имало неколку стотини жители кои го следеле во обиколката на стопанските и на други капацитети.
Присуство на 400 жители во разговор со Груевски, во село Град, кои изјавиле дека се задоволни од субвенциите, не е потврдено со ниту еден факт, па информацијата не може да биде прифатена како вистинита.
Според Кодексот на новинарите на Македонија, новинарот, водејќи се од јавниот интерес и од професионалните стандарди, треба да информира вистинито и објективно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови