verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Трката по кликнувања измисли скелет на вонземјанин

on 5 - 08 - 2015       

fffff-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: ВИДЕО: Археолозите во Русија пронашле костур на вонземјанин?!]

 

Овој текст е пример за тоа како „сам да си пукаш в нога“. Поточно, делови од написот не кореспондираат еден со друг. Еднаш се прашува дали станува збор за скелет од вонземјани, за веднаш потоа да се каже дека, сепак, се остатоци од „нашиов свет“. Смешка од материјал!

fffffЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Археолозите во Русија пронашле костур на вонземјанин?!

Датум и време на објавување: 30.07.2015, 18:00

Датум на рецензирање: 03.08.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЛАЖГА СО ОПАШКА

Убаво рекол народот – „Лажга со опашка“! Како поинаку да се нарече напис кој во насловот вели едно, а во телото на текстот друго? За сметка на сензационалистички наслов, чија цел е само да собира кликнувања, во кој иако со знак прашалник, пласирана е најобична дезинформација, која пак, дополнително е демантирана во самиот текст. Археолозозите во Русија не пронашле „костур од вонземјанин“, туку остатоци од припадник на племе кое практикувало т.н. издолжување на черепот преку разни примитивни методи. Всушност, ова го потврдува и руски експерт цитиран во самиот напис! Ако се нотира дека е скелет на член на племе,   кое, традиционално, на бизарен начин, ги третирало черепите на децата, тогаш зошто во насловната конструкција се користи формулација која навестува можност за вонземско присуство? Одговорот е заради чист и многу жолт сензационализам. Насловот навестува едно, текстот подолу тоа цврсто го негира. Ете зошто велиме дека ова е пример за „сам да си пукаш в нога“. Фактите наведени во содржината, која, да бидеме искрени, можела да биде и поопширна, како што, на пример, е во овој текст, се во директна противречност со насловната конструкција и со првиот пасус. Ќе прашаме, кои се тие „поединци“ кои, наспроти експертите, се убедени во вонземската врска на скелетот? Неколку линови ќе завршеа работа. Од друга страна, археолозите не само што аргументирано тврдат дека станува збор за човечки остатоци, туку уверуваат и дека е жена. Ќе разочараме, за жал на многу поборници на конспирации, овде нема случај на појава на И-Ти, туку на шпекулација и на претпоставка.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – член 1 од Кодексот на новинари.

Ова е пример на „згрешена чорба“, иако составот бил погоден: реален настан, извори на информации, солидни мултимедијални елементи, ама со загорена запршка.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

делумно

има шпекулативни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

делумно

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови