verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Намерно „мешање лончиња“

on 14 - 07 - 2015       

Firefox_Screenshot_2015-07-13T22-17-29.026Z-crop-resize

 

[Рецензија: Тито Петковски прикриен вљубеник во античката историја]

 

Повеќе недоветни елементи на едно место меѓусебно не се поништуваат, туку формираат уште поголема недоветност, а пример за тоа е овој текст. Имаме невидено ниво на ступидност, кое не само што егзизстира во рамките на напис продаден како легитимна информација, ами и се обидува да ја зарази публиката. Пласираните тези не се само неиздржани, туку се и навреда на интелегенцијата. Ова е „резил“ материјал.

Firefox_Screenshot_2015-07-13T22-17-29.026ZЛинк до оригиналниот напис: Тито Петковски прикриен вљубеник во античката историја

Датум и време на објавување: 10.07.2015, 14:17

Датум на рецензирање: 13.07.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„РЕНЕСАНСА“ НА НЕДОВЕТНОСТА

Неодветно и изнасилено. Тоа се главните одлики на текстот, ако воопшто и може така да се нарече. Мотивот за неговото креирање, секако, е од политичка природа. Му се забележува на еден од лидерите на опозицискиот блок зашто ја критикувал т.н. „антиквизација“ на Македонија, а на масата зад себе во својот кабинет имал копија од артефакт од античко време.

„…на фотографијата од Петковски во позадина може да се забележи копија од артефакт од вториот век, односно римскиот период, што се смета за доцна антика. Ова покажува дека Петковски очигледно има длабоки потиснати чувства кон овој период…“

Ваквата формулација е своевидна „ренесанса“ на недоветноста. Зошто? Затоа што намерно се „мешаат лончињата“. Човекот го критикува мегапроектот на власта зашто тој, според него, е лажен и продава ветер и магла и фалични фасади, но тоа не подразбира по правило дека тој ист човек има нешто против историското и културното (би дополнил вистинското) наследство на земјава. Затоа, ако кој било зборува нешто против барок-водилката на „Скопје 2014“, не значи и дека го негира и потценува вистинскиот барок од минатото и неговите траги во денешницата. Ама не, некој направил класична злоупотреба и замена на тези и оттука си го извлекол заклучокот за тоа дека политичарот „има потиснати чувства и е прикриен вљубеник во античката историја“. Работава е „Мижи Асан да ти баам“ – впечаток што е дополнет со евидентното отсуство на извори на информации. Ако имаме проблематизирана вистинитост, тези без аргументи и поткрепа од извори, тогаш за каква содржајност можеме да зборуваме? Сигурно не – квалитетна. Ако публиката требало да биде информирана за нечии „потиснати чувства“, тогаш дијагнозата би требало да ја одредат психијатри, а не анонимни автори. Ајде понатаму! Малку биле небулозните заклучоци фрлени од ракав, па на нив се накалемени и коментаторски елементи кои само потврдуваат дека смешно-трагичната страна на написот, всушност, е единствената негова страна:

„Настрана од тоа што од фотографијата станува очигледно дека Петковски има длабоки потиснати чувства кон антиката, Петковски во небулозните ставови при средбата со Заев се надминува дури и себеси со тврдењата дека наместо премиерот Никола Груевски, требало да се бара друга личност од ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за наоѓање на излез од политичката криза.“

Ако прашувате за пристрасност, претходниот пасус ви потврдува дека ја има и тоа многу што, пак, е потврдено и во самиот „дијагностички“ наслов „Тито Петковски прикриен вљубеник во античката историја“.

Затоа, без многу дилеми или грижа на совест, ќе кажеме дека во овој напис нема новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови