Рецензија: СЗО: Експлозија на сида и ХИВ кај хомосексуалците
Објавено во Рецензии
on 18 - 07 - 2014 Автор: Зоран БојаровскиВо делот за предлози за рецензии од нашите читатели ни пристигна предлог за рецензија на овој новинарски текст. Предлагачот на рецензијата вели: „Омраза, страв и дезинформирање, предизвикување чуство на несигурност.“
Го проверивме тексот, водејќи се од Методологијата за проверка на фактите од медиумите и видовме дека новинарски текстот е коректен: се повикува на релевантни извори, пренесува факти кои резултираат со трендови што ги констатира Светската здравствена организација (СЗО) и завршува со пасус посветен на статистиките за ситуацијата со ХИВ вирусот во Македонија. На тој дел ќе се осврнеме на крајот на оваа рецензија.
Она што го натерало нашиот читател да предложи рецензија за овој текст е насловот, односно зборот „експлозија“ и дека таа експлозија се случува кај хомосексуалците.
Одговорот на сугестиите во насловот фокусирани во „експлозија“ и „хомосексуалци“ го пронаоѓаме уште во првиот пасус од соопштението за медиуми на СЗО од 11 јули, кое го пренесуваме во оригинал на англиски јазик, а потоа и преводот:
„Failure to provide adequate HIV services for key groups – men who have sex with men, people in prison, people who inject drugs, sex workers and transgender people – threatens global progress on the HIV response, warns WHO.“
„Неуспехот да се обезбеди соодветна заштита од ХИВ за клучните групи – на луѓето што имаат секс со истополови партнери, на затворениците, на луѓето што инјектираат дроги, на сексуалните работнички и работници, на трансџендер луѓето – се заканува со глобален прогрес на ХИВ заразени, предупреди СЗО.“
Значи, да бидеме фер: како прво, никаде не се споменува зборот експлозија, туку глобален прогрес кој се најавува, а не се случил. И, како второ, хомосексуалците воопшто не се издвоени како единствена ризична група, туку е една од сите други.
Оттаму, читателот е сосема во право кога сугерира дека објавениот текст на оваа тема неосновано издвоил нешто што не се издвојува и користи термин за да опише дека е нешто актуелно, а не дека се очекува.
Линк до оригиналниот напис: СЗО: Експлозија на сида и ХИВ кај хомосексуалците
Датум и време на објавување: 15.07.2014, 10:07
Датум на рецензирање: 17.07.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
За да бидеме докрај доследни како што налага нашата методологија, се запрашавме зошто веста што ја рецензираме го употребила зборот „експлозија“ и еве до што дојдовме како заклучок.
„Гуглањето“ поврзано со оваа вест, за жал, покажа дека голем број странски медиуми и агенции ги виделе процесите за кој зборува СЗО како експлозија, иако за тоа нема опрвадување.
Нашите медиуми, најверојатно, ја презеле веста од некој од странските медиуми, па оттаму и тој збор во насловот, кој, како што вели читателот што го предлага овој текст за рецензија, предизвикува „омраза, страв и дезинформирање, предизвикување чуство на несигурност“.
Како што обично се вели: „секое лошо за добро е“. Овој случај сугерира извлекување поука дека ниту странските медиуми не се некоја гаранција. Во време на глобален пристап до информациите станува сосема неопходно и можно секој новинар сам да ја провери информацијата која ја презема. Сајтот на СЗО е отворен за сите соопштенија, а во Република Македонија функционира една од најдобрите организации за намалување на штетите од ХИВ, организацијата ХОПС. Треба да се консултираат.
И сега за завршниот пасус: рецензентот на овој текст не може да го скрие впечатокот дека нагласувањето на само една група во насловот ја добива својата поента во завршницата каде што се нагласува дека новите случаи на ХИВ заразени во Македонија се мажи што имале секс со мажи и сето ова, со овој текст со ваков наслов, сред кампања за уставни промени, меѓу кои и онаа која најавува дефинирање на бракот како на заедница меѓу маж и жена. Коинциденција?
Сето ова му дава една друга димензија на овој текст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
не аплиактивно
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
дискриминација според сексуална ориентација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови