verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарството и приватните роденденски честитки

on 19 - 09 - 2015       

1111-098765-099887889-crop-resize

 

[Рецензија: СРЕЌЕН РОДЕНДЕН: На денешен ден Сашо Мијалков полни 50 години!]

 

Медиумско кабадахиско однесување и присвојување на информативниот простор за лично потпикување и величење на политичка фигура. Ова „ремек-дело“ од материјал нема каква било, ама баш каква било, допирна точка со новинарство.

1111Линк до оригиналниот напис: СРЕЌЕН РОДЕНДЕН: На денешен ден Сашо Мијалков полни 50 години!

Датум и време на објавување: 15.09.2015

Датум на рецензирање: 18.09.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

HAPPY BIRTHDAY MR. EX CHIEF OF SECRET POLICE

Што да се каже за четиво кое не ги исполнува основните критериуми за информативност. Кажете каква вест е тоа дека на 15 септември бил роденденот на сега веќе поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков? Одговорот е никаква. Оваа т.н. „новина“ нема какво било значење за јавноста, освен за тој што ја објавил и тоа најверојатно од лични причини.

Новинарството мора да се стреми значајно да го одржува интересното и релевантното

Новинарството е раскажување на приказни со причина. Треба да биде повеќе од само собирање публика или каталогизирање на важното. Новинарството мора да балансира меѓу она што читателите знаат дека го сакаат со она што тие не можат да го антиципираат, туку им треба.

Американски прес-институт

Значи, ова не е вест, ако и така може да се нарече, која по која било основа заслужува да се најде на некој информативен медиум. Прво, затоа што нема каква било тежина и второ зашто човекот веќе не извршува каква било државна функција, што, пак, би било од некаков можен интерес за граѓаните. Узурпацијата на просторот наменет за публиката е неразбирлива, од кога е тоа нормално и прифатливо интернет-портали кои се претставуваат за информативни да објавуваат честитки од типот „СРЕЌЕН РОДЕНДЕН: На денешен ден Сашо Мијалков полни 50 години!“ Да беше ова „радио-желботека“, може ќе паднеше и песна од типот  „Happy birthday Mr…..“!!!

 

ПО КОИ КРИТЕРИУМИ СЕ МЕРИ УСПЕШНОСТА ВО УБК

Но, не се само ова проблемите. Читањето на содржината открива и други големи „фелери“, меѓу кои очи боде пристрасноста.

„Сашо Мијалков (Скопје, 15 септември 1965) — македонски политичар и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија, а воедно и најсупешен на својата функција, со бројни успешно завршени задачи од државотворно значење.“

Каде тоа е напишано, кој тоа го вели, кој заклучил дека овој човек е најуспешен на функцијата директор на УБК. Обично „гуглање“ вади информации за споменатата личност кои не се баш најафирмативни во однос на неговото безмалку деветгодишно менаџирање со тајната полиција. Напротив, насловите се дијаметрално спротивни од оној под кој се пласира написов, дополнет со патриотска фотографија од „извршувачот на државотворни задачи“.

А, зошто, на пример, пак, да нема честитки за Том Харди, принцот Хари, Томи Ли Џонс, па и тие се родени на 15 септември? Изгледа зашто, сепак, не се на нивото на еден Сашо Мијалков?!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има, ама не се релевантни

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

„информира“ нудејќи небитна вест

некреативен

потпикувачки

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

„патриотска“

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови