Цензурата врз Шекеринска претставена како нејзин – спин!
Објавено во Рецензии
on 24 - 07 - 2015 Автор: Љубомир Костовски
[Рецензија: Спин на Шеќеринска за вчерашната седница на ДИК]
Првиот состанок што требаше да се одржи меѓу претставниците на четирите големи партии, а како резултат на т.н. Договор од Пржино, потпишан на 14 јули, се одложи откако половина час пред почетокот од ВМРО-ДПМНЕ стигнало известување дека нивниот преговарач, министерот за надворешни работи, е службено отсутен. Ова веднаш ги отвори сомнежите кај опозицијата и кај граѓанските организации дека власта има стратегија на одолговлекување на преземените обврски.
Текстот што е предмет на рецензија се обидува да оствари повеќе цели – да го искоментира тој став на опозицијата, потоа да го правда одложувањето во името на власта и, конечно, да прикаже што требало да се работи на првиот, а одложен состанок на меѓупартиската работна група. Тоа е структурно компликуван зафат за текстопишувачот, но покажува дека од развојот на настаните е затечен и весникот, бидејќи уредништвото си подготвило кавер на тема – неопходни законски и други промени пред парламентарните избори во април 2016 година! Но, како да се случила ненадејна промена на задачите, па од формална гледна точка имаме една жанровска каша-попара.
Линк до оригиналниот напис: Дневник: Спин на Шеќеринска за вчерашната седница на ДИК
Датум на објавување: 20.97.2015, 18:19
Датум на рецензирање: 22.07.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
„ВМРО ДПМНЕ преку министерот Попоски се фали во Брисел, се фали со постигнатиот договор а истата партија овде во Скопје го кочи договореното. Станува јасно дека еропската перспектива на РМ апсолутно е незначајна за премиерот и неговата Влада – изјави таа (Шеќеринска) … прво, министерот Попоски е во државна работна посета на Брисел. Второ, ова требаше да биде шеста по ред работна средба на групата. На сите пет досегашни средби Радмила Шеќеринска беше таа што отсуствуваше.“
Овој мешпајз од спротивни изјави треба да образложи што едната и што другата партија мислат за овој настан, со тоа што постои огромен несразмер меѓу должината на двете изјави. Ама, додека соопштението на отсутната партија е дадено во целина, од изјавата на Шекеринска се исфрлени многу битни делови, иако таа не е долга, па да се јават технички проблеми за уредникот.
Од таа изјава исфрлен е делот за одморот на Груевски како илустрација за амбиентот на разговорите, потоа образложението зошто е ова прва, а не шеста или која веќе седница на тоа тело, како и објаснувањето на темата на тој состанок, која не е како објавената. Од некои причини проценето е дека тие сегменти „не се згодни“ за читателската публика, а последниот сегмент, пак, покажува дека дневниот весник имал погрешно сознание за тоа што ќе биде темата на состанокот, па содржината на каверот, практично, е и, исто така, временски промашена, односно требала да се чува за некое друго време. Имено, не требало да се расправа за реформите на ДИК, туку за избирачките списоци и други делови од подготовките на идните избори, но не и за ДИК!
Ама тие прашања (гласачите од Мала Преспа и слично), исто така, не се згодни за објавување по власта, па најдобро е да се разговара за ДИК. Макар и кога не му е време или кога не е на дневен ред.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
Нешто е точно, а нешто скриено
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
Имаме нерамномерна застапеност на различните извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови