verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Совети за девојките како среќно да се омажат

on 3 - 10 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Devojkite_srekjno_da_se_omazat_crop_resize

Иако оваа сторија, објавена во рубриката „Магазин“ на порталот, не спаѓа во новинарските жанровски стандарди кои се предмет на анализа на проектот „Сервис за проверка на факти од медиумите“ во делот на рецензии, сепак одлучивме да ја земеме предвид зашто има една тенденција, овој и слични вакви текстови да се промовираат како вести. И во овој случај, како и во неколку претходни, правиме исклучок од правилото и рецензираме напис од друг жанр со цел преку типски примери да им укажеме на граѓаните како се манипулира со нив.

Совети за девојките како среќно да се омажатЛинк до оригиналниот напис: Совети за девојките како среќно да се омажат

Датум и време на објавување: 01.10.2013

Датум на рецензирање: 02.10.2013

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост:  Оваа сторија не може да претендира на вистинитост зашто зад ионака недокажливите и крајно субјективни, или крајно општи, совети како добро да се омажат девојките, нема експертски или доволно авторитетен извор кој со своето искуство ќе ги сведочи советите и ќе ги застапува со својот кредибилитет. Од друга страна, пак, не можеме да му веруваме на авторот зашто го нема.

 

Содржајност: Овој тип на медиумски содржини, кога веќе отстапуваат од стандардите, вака како што се пишуваат, како „совети од тетка Саветка“, соодветно на времето добиваат димензија на бизнис план. Како да се работи за токму за планирање на деловен потфат, а не за ирационалната сфера на поврзување на чувства и личности со единственото реално лепило за бракот – љубовта. Освен што го запоставува „лепилото,“ овој „бизнис план“ ја игнорира втората страна – партнерот во „бизнис планот“. А џабе ти е бизнис стратегија ако немаш уважување за оној со кој треба да го реализираш бизнисот, односно бракот.

Пристрасност: Текстот е пристрасен зашто оддава впечаток како да е препишан од некој медиум кој ја фаворизира женската страна и за да го поткрепиме ова ќе цитираме само еден проблематичен дел во полза на ова наше тврдење:

„Современите мажи се уморни од барање на жена со карактер и доблести. Тоа што често го наоѓаат е невкусен сексапил, лажно образование и самозаљубеност.“

Коментирање: Бидејки текстот отстапува од сите објективни новинарски стандарди, а претендира да се прикаже како жанровски определен формат, целиот текст е, вусшност, коментирање. Еве пример:

„Најпосакуваната жена не е онаа која има силикони во градите, ботокс во усните, тетоважа на рамо, туку онаа која има карактер. Таква жена вреди повеќе од бисер.“

Оригиналност/Плагијат: Бидејки нема автор, ниту линк или наведена референца од каде е преземен, со голема сигурност можеме да тврдиме дека текстот е плагијат. Сѐ ќе беше многу поедноставно и текстот немаше да ги добие овие квалификации ако беше наведено дека овој текст е препис од „таму и таму“.  

Квалитет на насловот: Насловот е крајно неинвентивен и старомоден.

Фотографија: Позајмена, без наведен автор, патетична…

Заклучок: Овој текст фаворизира стереотипи, идеали, нереални модели, а за сметка на тоа сѐ друго е непожелно и неприфатливо.

Освен со новинарските стандарди, тој има проблем и со пораката. Сака да каже дека мажачката е ултимативен чекор за девојките. Мажачка, и тоа според наведените совети, или пропаст.

Неизбежен е уште еден заклучок: дека текстот е дел од некоја кампања, зашто не е прв од ваков тип. Сторија со наслов „За жените мирисот на бебе е како дрога за мозокот!“, објавен во истиот медиум, ги има истите мотиви како и текстот што го рецензираме тука.

Текстот, исто така, е исклучив зашто вели дека „одлуките врзани за секс, брак и репродукција се во рацете на девојките, вредно е да се размисли за тоа, како тие денес да го најдат ’Вистинскиот Господин’.“ Каде е тука согласноста на мажите, односно многу повеќе взаемната желба на двајца што се сакаат, почитуваат и споделуваат исти или слични вредности и кои можат да се договорат заедно дали својата врска ќе ја крунисаат со брак?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

аноними

нерелевантни

нема извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови