verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Со збир на стажот и возраста до пензија?

on 16 - 07 - 2013       

Ова е пример за текст кој во комуниколошката литература се нарекува „производ настанат врз игнорирање на демантот“. И покрај „негирањето на надлежните“ дека се разгледува модел во кој со збир на стажот и возраста ќе може да се оствари право на пензија, авторот развива тематска проекција спротивна на тој категоричен демант и ја истакнува во насловот на текстот.

За да се избегнат вакви ситуации, новинарот тежиштето на текстот треба да го стави врз фактот дека надлежните не планираат реформа на пензискиот систем и покрај неофицијалните информации дека се прават анализи во таа сфера. Притоа, може да го презентира и споменатиот модел како дел од оние кои биле анализирани и неприфатени, па дури и да го „брани“ како добар, се разбира, ако има релевантна и стручна аргументација и компаративни примери за очекувани позитивни ефекти од него. Но, во случајов тоа го нема.

Рецензија: Со збир на стажот и возраста до пензија?Линк до оригиналниот напис: Со збир на стажот и возраста до пензија?

Датум и време на објавување: 06.07.2013

Датум на рецензирање: 10.07.2013

Рецензент: Катерина Блажевска

Вистинитост: Во содржината сите наводи гледани издвоено се точни, но конфузијата е создадена со начинот на нивно комбинирање. Авторот точно ја нотира суштинската информација, дека („надлежните категорички негираат дека Министерството за труд и социјална политика подготвува измени во единствениот старосен услов за пензионирање“), но во исто време ја игнорира таа информација и продолжува да ја развива тезата на текстот во друга насока.

Извори на информации: Сите извори во текстот се анонимни и целосно деперсонализирани – „владини експерти“, „експерти“, „надлежни“, „аналитичари“… Иако тие се повеќестрани, поради анонимноста не може да се утврди нивната вистинска релевантност.

Содржајност: Написот не е сеопфатен, бидејќи нема релевантна аргументација за ефектите од посочениот „модел“. Таа не прикрива информации, а нуди и други статистички податоци, но тие не се во функција на главната теза на текстот.

Пристрасност: Поради претходно споменатите пропусти, текстот делумно ја прикажува вистината. Авторот, за да ја докаже веродостојноста на наводите во текстот, можел да се обиде да обезбеди поконкретни докази за тврдењето на владините експерти, со што ќе обезбедел професионална дистанца од впечаток за спин.

Квалитет на насловот: Насловот е информативен, јасен и соодветен за темата, но истовремено може да се смета и за сензационален поради отсуството на аргументи за тврдењето што се пласира со него.

Фотографија: Фотографијата е повеќе експресивна, отколку информативна, но најважно е дека не е манипулативна.

Заклучок: Поради наведените пропусти, во текстот „Со збир на стажот и возраста до пензија?“, пропуштена е можноста да се пласира објективна и потврдена информација која засега голем дел од граѓаните – потенцијални корисници на пензија, но и сегашни пензионери кои стравуваат од опасноста за преоптоварување на пензискиот фонд. Иако во текстот не се гледа свесна авторска намера за дезинформирање на јавноста, со погрешна новинарска и методолошка постапка се добива поинаков ефект- сензационална информација за која нема реална аргументација.

Фактот дека насловот завршува со прашалник, не ја релативизира оваа оценка. По правило, новинарските текстови треба да даваат одговори на претходно поставени прашања, а не да завршуваат со прашања на претходно добиени одговори.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има

точни

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има

аноними

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатна

не прикрива

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно

нема

нема

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема

издвоени

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

да

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема

нема

не потикнува

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема

нема

уреден

не