verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ШОКАНТНО: НА 20-тина километри од Скопје НАТО фрлил 10 тона ураниум, а Обединетите нации криеле иако знаеле

on 10 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

brif_mk__p=134510comment-357-crop-resize

Веста што ја рецензираме тука е, ни помалку, ни повеќе, од минатиот век. Информациите за кои се говори во веста прв пат, според белградски Блиц, се објавени во јуни 1999 година во швајцарскиот дневен весник „Le Courier“. За жал, швајцарскиот весник не ја чува на интернет архивата од минатиот век (достапна е само онаа од 2001 година наваму) и не можеме изворно да ја прикажеме оригиналната сторија на новинарот Роберт Џејмс Парсонс (Robert James Parsons), фриленсер од Сооединетите американски држави. Но, траги од неговата сторија можат да се пронајдата низ многу други документи и публикации кои ја третирале темата бомбите со осиромашен ураниум во воената интервенција на НАТО во СР Југославија во 1999 година, како, на пример, во споменатиот Блиц или на овој сајт, Educate-Yourself  кој со еден прилично критичен тон се бави со наводната употреба на авионски бомби со ураниум во Србија и Косово.

brif_mk__p=134510comment-357Линк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО: НА 20-тина километри од Скопје НАТО фрлил 10 тона ураниум, а Обединетите нации криеле иако знаеле

Датум и време на објавување: 05.03.2014, 17:39

Датум на рецензирање: 06.03.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

НОВИНАРСКА МАНИПУЛАЦИЈА СО ВИСТИНАТА И ПОЛУВИСТИНАТА

Во соопштението за медиумите на UNEP, агенцијата на Обединетите нации за програми за заштита на човековата околина од 21 март 2000 година, се вели дека агенцијата добила информации од НАТО дека за време на воената интервенција во Србија во 1999 година било употребено оружје со осиромашен ураниум. Но, оваа агенција, како и останатите како што се Светската здравствена организација, UNHCR – агенцијата за бегалци, Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), како и Шведскиот институт за заштита од радијацијата, кои работеле на утврдување на штетите по луѓето и човековата околина од бомбардирањето во СР Југославија и Косово, во истото соопштение истакнале дека информациите на НАТО не се доволни за соодветно да се измери степенот на радијацијата.

Овие агенции, како уште многу други здравствени и еколошки, реномирани организации, под раководство на UNEP, беа дел од Balkans Task Force (BTF), мисија која беше задолжена да ја испита контаминацијата на природата и човековата околина од воената интервенција во СР Југославија во 1999 година. На чело на оваа мисија беше Пека Хаивисто, поранешен министер за животна средина на Финска, а фамозниот Бакари Канте беше член на бордот на мисијата во име на UNEP.

Ова го прецизираме за да укажеме на тоа дека не постои извештај на Канте, туку репорт на BTF. Другиот фамозен извор за оваа вест, новинарот Роберт Џејмс Парсонс, во 1999 година успеал да извлече некои информации од Канте, но не станува збор за необјавен или забранет извештај. Тој извештај е готов и целиот се наоѓа на интернет (Balkans Task Force)

Да реземираме во однос на вистинитоста и изворите на оваа информација што ја рецензираме, објавена на портал што таа вест ја презел од друг интернет медиум од Косово: Веста е дефинитивно од минатиот век (1999), а користен е само еден извор, тој на новинарската сторија на Роберт Џејмс Парсонс објавена во швајцарскиот весник. Тоа, покажа нашиот преглед на достапните информации, не е доволно за да биде целосна и сеопфатна вистинитоста на оваа сторија.

 

ЕДНА ВЕСТ – ДВОЕН СМУТ

Веднаш да биде појасно, ние не ги спориме контроверзите поврзани со употребата на оружје со муниција со осиромашен ураниум, туку ја доведуваме во прашање рециклажата на една 15 години стара информација. Зошто? Нема никаква причина, некое ново сознание, нови податоци… Ништо од тоа, освен непознати мотиви на медиумот од Косово кој ја извади оваа информација од нафталин. Но, тоа нам, не ни е битно. Ама многу е битно зошто, туку така, без никаква критичка дистанца, оваа вест е преземена и објавена кај нас. Уште повеќе, додаден ѝ е сосема непотребен сензационализам и вознемирувачки наслов.

Тое не е соодветно професионално однесување кое се раководи од новинарските етички стандарди. Тое е медиумска содржина која предизвикува двоен смут меѓу читателите: ем се објавува ептен бајата вест без никаква причина, ем се застрашува народот без никаква поткрепа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови