Етикетирање колку сакаш, аргументи никаде
Објавено во Рецензии
on 23 - 08 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: Сдсмовскиот Хелсиншки комитет го нападна МВР]
Тенденциозен и наменски скроен напис кој ја разводнува рекацијата на Хелсиншкиот комитет, од каде упатија критики за мерките на присила кои ги употреби полицијата на граничните премини, каде е прогласена кризна состојба поради напливот од бегалци.
Споменатото соопштение, во кое се доведува под прашалник законитоста на ваквата владина одлука, фактички, е искористено за напад и за етикетирање на оваа невладина организација за заштита на човековите права.
Линк до оригиналниот напис: Сдсмовскиот Хелсиншки комитет го нападна МВР
Датум и време на објавување: 21.08.2015, 16:47
Датум на рецензирање: 22.08.2015
Рецензент: Оливера Војновска
Текстот користи прецизни извори на инфромации и вистинити факти. Но, проблемот за кој забележува Хелсиншкиот комитет – односот на македонските власти кон мигрантите, целосно се маргинализира. Затоа, пак, фoкусот е ставен на дискредитација на невладината организација, при што на нејзините критики намерно им се дава партиска, опозициска боја.
Имено, реакцијата поради „нехуманото постапување од страна на специјалните полициски службеници кон бегалците“ и начинот на кој е донесена одлуката за кризна состојба, беше повод Хелсиншкиот комитет да се маркира како „сдсмовски“.
А, тоа се прави уште со изборот на насловот: „Сдсмовскиот Хелсиншки комитет го нападна МВР“, како и со првата реченица од написот. Притоа, како крунски доказ се посочува (има принтскринови) дека во Управниот одбор и во Собранието на Хелсиншки
„членуваат истакнати членови на СДСМ и нивни блиски новинари.“
Во истиот тон е и заклучокот на текстот, каде поименично се споменуват личности кои во јавноста отворено ја критикуваат власта.
Тоа по дефиниција треба да подразбира дека тие се од редовите на најголемата опозициска партија или нејзини поддржувачи! Бидејќи, нели, секоја критичка мисла, дури и најмалата забелешка мора да е злонамерна и мора да има некаков линк со опозицијата!
Па, иако, написот точно го пренесува соопштението од Хелсиншкиот комитет, тоа е така пласирано што неговата поента е комплетно изгубена во налепените партиски етикети.
Односно, онака како што не треба да изгледа еден новинарски производ.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови