verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

РЕЦЕНЗИЈА: СДСМ преку Саше Политико му праќа пораки на Андреј Петров?

on 14 - 11 - 2013       

СДСМ преку Саше Политико му праќа порака на Андреј Петров-crop-resize

Кога имате прашање во насловот, кога за да докажете една теза употребувате, на пример, паралела „да се дојде од Скопје до Гевгелија, се оди преку Охрид“, кога во целиот текст за главната информација трошите само, и тоа буквално, 1/8 од просторот кој ви го намениле, а преостанатото оди на т.н. background, кога се користат неименувани „високи“ партиски извори за да се потврди „тврдењето“ дека „овој е близок со оној“, а сѐ со цел да се зададе удар, а не да се информира, добиваме токму ваков производ, кој еден колега, чинам, ги категоризираше во своевидни новинарски мутанти.

СДСМ преку Саше Политико му праќа порака на Андреј ПетровЛинк до оригиналниот напис: СДСМ преку Саше Политико му праќа пораки на Андреј Петров?

Датум и време на објавување: 12.11.2013   11:31

Датум на рецензирање:  13.11.2013

Рецензент:  Владимир Мирчески

Вистинитост: Една од основните работи кои се учат на Факултетот за новинарство е сѐ да биде што е можно покусо и поконцизно. Во овој случај го имаме токму спротивното – „ти пишувам на долго, зашто не знам на кратко“. Ако не се уморите од читањето шума повторени информации, преземени од фејсбук профилот на поранешен висок опозициски фунцкионер, ќе стигнете до главната вест, по што се запрашувате „Што ми зборуваат?“ Како тоа објавата дека екс-генералниот секретар на опозициската партија се вратил на старото работно место во приватна болница е порака до него да се држи подалеку од партиското јато, бидејќи таа информација ја пласира новинар кој, како што се тврди, е близок до сегашното раководство на СДСМ? Во најмала рака „можната“ вистинитост на текстот не е потврдена со никаков солиден аргумент.

Извори на информации: Нерелевантни извори, без јасно прецизирање на соговорниците, иако токму тие се користат како главни „потврдувачи“ за тезата дека опозиционерите си праќаат пораки преку медиуми. Паралелно, директното поврзување на одредени новинари со политичари, притоа јасно наведувајќи го нивниот идентитет, а без тоа да се поткрепи со докази, во нормални држави би било можеби најава за тужба.

Содржајност:  Не би рекле дека ја има. Како аргумент користиме проста математика. Ако од текст составен од 80 редови, само десетина се потрошени на „главната вест“, за која веќе рековме дека има ептен проблематична вистинстост, а останатите 70 редови се прераскажување на фејсбук статус, познат од претходно, тогаш за каква содржајност зборуваме.

Пристрасност: Застапена е во сериозна мерка, која пак го разјадува интегритетот на текстот, ако воопшто и се имало првична намера за производ со новинарски интегритет.

Оригиналност/Плагијат: „Ни риба, ни девојка“ – тип на текст. Поголемиот дел е преземен од Фејсбук постови, а за тоа што се пласира како „новина“ е прашање дали е веродостојна информација. Треба да се напомене дека сличен текст не се појави на други медиуми, што е изненадување.

Квалитет на насловот: Во новинарската практика насловите кои завршуваат со прашалник се сметаат за проблематични. Така е и во овој случај. Насловот е несоодветен од сите аспекти, освен можеби од сензационалистичка гледна точка. Ќе ве привлече да читате, ама што ќе прочитате. 

Фотографија: Фотографијата не е разбирлива, дали треба да го илустрира текстот, или да рекламира приватна болница.

Заклучок: Анализи, не се пишуваат врз база на Фејсбук статуси, тврдења без аргументи, тези без докази, изјави без соговорници, мистериозни извори. Сето тоа го има во овој текст кој очигледно не треба да ја информира јавноста, туку да ја забавува „политичката елита“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

фејсбук статуси

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, аноними

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови