Сосила демонстрантите ги прават непатриоти
Објавено во Рецензии
on 4 - 05 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Протестите откажани: Километарски колони на граница кон Грција (ФОТО)]
Малициозност и тенденциозност. Текстот сака, ама во полузавиена форма, да каже дека, ете, демонстрантите не се на улиците зашто решиле да заминат на продолжен викенд – и тоа баш во Грција. Се праќа порака дека тие што протестираат за доброто на земјата, одат кај јужниот ни сосед.
Линк до оригиналниот напис: Протестите откажани: Километарски колони на граница кон Грција (ФОТО)
Датум и време на објавување: 29.04.2016 13:28
Датум на рецензирање: 30.04.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
НЕПАТРИОТИ НИЕДНИ!!!
Напис од серијалот „наши и ваши“. „Нашите“ се „патриотите“, „вашите“ се „непатриотите“. Овие вториве, според тоа како ни се раскажува, се растрчале велигденските празници непатриотски да ги поминат во Грција. Но, тука не е целата поента. Текстот оди понатаму, наведувајќи дека тоа што тие решиле да си „тераат продолжени викенди“, нормално кај јужниот сосед, резултирало со откажување на протестите. Аха, ете ја целта на материјалот – да ги доведе во директна врска граѓанските собири и протести против одлуката за помилување на 50-тина политичари, од кои повеќето се од врвот на владејачката партија, со викендувањето во Грција.
„Протестите и народните собири во сите градови се откажани, градските средини веќе се празни, а колони возила од рано утрово тргнаа во инвазија кон македонско-грчката граница. Покрај море во Грција голем дел од македонските граѓани „патриотски“ сплотени и лежерно, без разговори за партии ќе ги поминат следните неколку дена.“
Не ми изгледа дека е направено некакво истражување што би го аргументирало ваквото тврдење. Некои работи „висат во воздух“. Зошто се наметнува тезата дека баш луѓето што протестираат се викенд-туристите во Грција? Претпоставувам дека има и такви, ама тоа воопшто не ја оправдува формулацијата која генерализира,
„Протестите откажани: Километарски колони на граница кон Грција“,
и инсинуира дека токму демонстрантите, кои ги откажаа протестите поради велигденските празници, а не заради плажите на Халкидики, се главните грчки „клиенти“. Друг проблематичен аспект е т.н. патриотство. Аман веќе! Работава е – ако одиш во Грција не ја сакаш Македонија.
ОДАТ ЛИ ПАТРИОТИТЕ ВО ГРЦИЈА?
Тоа е теза што ја пласираат некои кругови во владејачката партија, иако токму нивни сопартијци знаат да си се сончаат на плажите во Грција.
Непотребна тендециозност се пласира во ова „копи-пејстирано“ четиво, кое иако е скусена верзија, сепак е верно на основните тези на оригиналот. Тоа се добива кога т.н. патриотизам го мериш низ диоптријата на власта.
„Патриотизам е да ја поддржуваш твојата земја секогаш, а твојата влада тогаш кога заслужува“, Марк Твен.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови