verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Протест на студентите против екстерното тестирање

on 27 - 10 - 2014       

studenti-09876-098098700-crop-resize

Оваа вест можеби е коректна во текстот, но е невистинита во насловот. Со него е направен обид да се засили веста и да се каже дека конечно студентите се освестија и, еве, им „текна“ да протестираат. Но, во сета оваа работа се заборавило на еден битен момент. А, тоа е дека секој ден има свое утре. Парадоксот да биде уште поголем, на овој ист медиум утредента е објавен текст со кој се „караат“ студентите. Овој наслов предизвика бура од позитивни реакции низ социјалните мрежи, а утредента тие реакции масовно станаа негативни. И повторно студентите беа виновни, иако тие немаат врска со овој наслов. Ова само покажува какви реакции може да предизвика неточен новинарски наслов.

studentiЛинк до оригиналниот напис: Протест на студентите против екстерното тестирање 

Датум и време на објавување: 22.10.2014, 11:27

Датум на рецензирање: 24.10.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КАДЕ ИМА ПРОТЕСТ?

Насловот ја прави целата забуна. Инаку, во текстот точно стои што ќе се случува:

„-Слободен собир, дискусија и организирање на автентична студентска организација која ќе се бори против екстерното тестирање на студентите. Се работи за тебе, мене и сите студенти кои сме засегнати од екстерната небулоза, се вели во повикот за протест пред споменикот на Св. Кирил и Методиј кој се наоѓа пред Правниот, Економскиот и Филозофскиот факултет.“

Значи, и во плакатот кој е преземен и објавен стои дека станува збор за „Слободен собир, дискусија и организирање на автентична студентска организација“. Никаде не се споменува протест. Сепак, во текстот и тука се прави грешка кога во завршницата од овој пасус е неведено: „се вели во повикот за протест“.

Како што е објаснето и на плакатот и од соопштението на студентите, се работи само за собир и за дискусија. Во текстот тоа е малку предимензионирано со што се направила и целата збрка.

Работата да биде потрагична, утредента на истото место е објавен напис со наслов: (ВИДЕО) Студентите не протестираа, „замолија“ да не ги снимаат, во кој е забележано дека:

„Околу триесетина студенти се собраа пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“ во кругот на универзитетот, нo не протестираа како што првично беше најавено против одлуката и тие да бидат дел од екстерното тестирање.“

Значи, неточноста од првиот текст продолжува и утредента во продолжението и сето тоа врз грбот на студентите.

Инаку, текстот е содржаен колку што дозволило и соопштението, кое било објавено на фејсбук-група, како што се тврди во текстот. Но, и покрај овие два текста, не се појави друг во кој се исправени грешките, а нема објавено ниту извинување. Исто така, нема ниту демант од студените за намерата што ја имале при пласирањето на повикот.

Сепак, како и да е, насловот е неточен, што е недозволиво во новинарството, а преку овој текст се виде и колкава штета може да направи. Од херои, студентите, за една вечер, станаа предавници. Втарата крупна работа, која може допрва да донесе последици е дали кога навистина би имало протест организиран од студентите, некој ќе ги разбере сериозно и ќе се придружи кон него.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови