verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нов обид да се извалка името на специјалната обвинителка

on 24 - 03 - 2016       

Fijat vo Kurir

[Политички нарачки наместо право- заради блискоста со Заев, Јанева го амнестира Цановски и отвора предмет за уривањето на дивоградбата Космос?]

 

Со филхармониска усклaденост и тоналитет, очигледно оркестрирано од една диригентска палка, продолжува тажната „рапсодија“ насочена против Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и специјалната обвинителка Катица Јанева, со единствена цел – комплетно да се дискредитира нејзината работа и институцијата на чие чело е таа, а и самата таа како личност. Предмет на рецензијава е писание за кое се поставува прашање дали содржи барем малку вистина.

 

Политички нарачки наместо право - http___kurir.mk_makedonija_vesti_poЛинк до оригиналниот напис: Политички нарачки наместо право- заради блискоста со Заев, Јанева го амнестира Цановски и отвора предмет за уривањето на дивоградбата Космос?

Датум и време на објавување: 21.03.2016  15:08

Датум на рецензирање: 22.03.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ФАТЕНИ ВО СОПСТВЕНАТА МРЕЖА

Текстот почнува со тешка квалификација насочена директно против специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и ја става во контекст на политичка поврзаност со опозициската партија СДСМ и со нејзиниот лидер Зоран Заев, од каде, според содржаното толкување, таа добивала наредби за својата работа.

„Политички нарачки наместо право- заради блискоста со Заев, Јанева го амнестира Цановски и отвора предмет за уривањето на дивоградбата Космос? Законите во оваа држава важат за сите граѓани, освен за Зоран Заев и неговите соработници. Ваквиот заклучок се наметнува после едноставна анализа на најавите кои доаѓаат преку медиумите дека Катица Јанева ќе отвара предмет поврзан со уривањето на дивоградбата Космос“.

Статијата со ова се обидува да ја амнестира власта од одговорност за политичките пресметки со неистомислениците и да ја скрие реалната вистина – дека уривањето на овој објект било од политички причини. Тоа го признава и Груевски, во нелегално снимениот и објавен телефонски разговор со тогашниот министер за транспорт, Миле Јанакиески, кога тогашниот премиер дури му се жали на министерот  дека од институциите на ЕУ бил предупреден дека ако урива „не смее тоа да го прави селективно и дека ако е „Космос“ дивоградба треба да се рушат сите други големи  дивоградби во државата, а не само на политичките противници, бидејќи законите треба да важат подеднако за сите“.

 

ЗАМЕНА НА ТЕЗИ

Во конфузниот, не докрај јасен текст, се продолжува со замена на тези и со повикување на законот за да се убедат граѓаните дека уривањето било оправдано и според закон, а дека сега, благодарение на „коалицијата“ помеѓу СЈО и опозицијата, сопственикот на „Космос“ треба да се амнестира од одговорност.

„Единствената логика во ваквата постапка е дека ниту еден граѓанин не смее да гради надвор од законот, бидејќи нему ќе му биде урнат објектот, но ова правило не важи и за Фиат Цановски. Тој заради блискоста со Зоран Заев, не само што може да гради на диво, туку и секој обид на државата да го санкционира неговото незаконско работење може да заврши со постапка против институциите од страна на Катица Јанева“.

 

„ВИОЛИНА“ КАКО ИЗВОР

Во продолжение на текстот се настапува уште полицемерно и поагресивно и без да се чуе и другата страна се прави обид да се убедат читателите во наводно двојните стандарди што ги применува СЈО во спроведувањето на законите. За ова нема никакви факти, а изворот на кој медиумот се повикува за да ја потврди тезата, е една од „виолините“ во гореспоменатиот оркестар.

„Двојните стандарди на специјалното обвинителство и впечатокот дека наместо да се гони криминалот, истиот се штити, се зголемија после вчерашните информации за незаконитостите во работењето на Фиат Цановски кои ги објави ТВ НОВА“.

По „премиерната изведба“ на ова „дело“ кое претендира дека е новинарски производ, по неколку часа целото или делови од „партитурите“ ги репродуцираа и други оркестрирани медиуми, кои се под иста диригентска палка како и овој.

Повикувањето на домашните и на меѓународните новинарски стандарди и предупредувањето дека тие не се испочитувани во овој случај е илузорно, бидејќи би требало тука да се препишат речиси сите членови од Кодексот на новинарите на Македонија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови