РЕЦЕНЗИЈА: Почна ли СДСМ да применува популизам во борбата за гласачи?
Објавено во Рецензии
on 20 - 11 - 2013 Автор: Владимир МирческиНовинарски текст треба да дава одговори, да „копа, а не само да ја загребува површината“, максимално да се обидува, ако веќе до крај не може да ја разоткрие вистината, да ѝ објасни на публиката „за што станува збор“. Прашалните форми не се препорачуваат, можеби со исклучок ако имаат стилско значење за содржината. Во дадениов случај, имаме примери токму на спротивното: се поставуваат прашања до јавноста – сигурно не за стилски впечаток, не се нудат одговори на зададената тема, се пласираат тези без аргументи и конечно отсуството на извори за покрепа на кажаното. Со два збора: неодговорно новинарство.
Линк до оригиналниот напис: Почна ли СДСМ да применува популизам во борбата за гласачи?
Датум и време на објавување: 18.11.2013 16:47
Датум на рецензирање: 19.11.2013
Рецензент: Владимир Мирчески
Вистинитост:
„Почнува ли СДСМ да ги применува популистичките мерки кои му ги сугерираат неговите медиумски промотори од типот на Саше Ивановски-Политико?Ја прифаќа ли најголемата опозициска партија предложената стратегија за собирање политички поени и подобро позиционирање пред гласачите?“
Тешко е да се зборува, а и воопшто да се бара вистинитост во текст во кој вака изгледаат втората и третата реченица, а кои воедно , се клучни во натамошниот развој на „новинарските настани“. Забележлив е несериозен пристап во ваков тип на производ, кој не само што би требало, соодветно аргументирано и поткрепено, да пружи преглед на политичката ситуација, туку можеби и анализа за тоа што понатаму би следело.
Извори на информации: Извори на информации, барем кредибилни, нема. Јасно одредени соговорници не постојат, а прецизирани експерти уште помалку. Сѐ се врти околу некакви си „упатени“ и колумна на сопственик на портал кој, не само во овој, туку и во низа други текстови, најверојатно поради неговата вокалност против актуелната власт, на јавноста ѝ се претставува како „алфа и омега“ во опозициските редови.
Содржајност: Би рекле ништо особено. Сиромашноста во содржајноста е дополнета со отсуството на т.н. „тонско парче“, нешто што не е многу вообичаено за телевизиски извештај.
Пристрасност: Кога станува збор за тема поврзана со опозицијата, неизбежна е појавата на пристрасност. Така е и во овој случај – тасот превагнува на другата страна. Балансот е изместен.
Оригиналност/Плагијат: Текстот е оригинален до степенот на тоа дека има јасно наведен автор.
Квалитет на насловот: Пак прашална форма, а имајќи ја предвид содржината на текстот, јасно е дека со (пред)умисла се наведува публиката „натаму каде што некој сакал“. Посоодветно решение сигурно имало, но не било употребено.
Фотографија: Го задоволува основното ниво на илустративност.
Заклучок: На крај, врз основа на претходно кажаното и затоа многу да не должиме, би се рекло дека овој текст е само уште еден непрофесионален производ во низата која, како што изгледа, е навистина многу долга.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, аноними
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови