verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Kако пустата желба за кликнувања ја убива вистинитоста

on 10 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Firefox_Screenshot_2015-10-08T20-48-05.451Z-crop-resize

 

[Рецензија: Обесена снимателката од Унгарија која ги сопнуваше мигрантите]

 

Многу промашен наслов…

Firefox_Screenshot_2015-10-08T20-48-05.451ZЛинк до оригиналниот напис: Обесена снимателката од Унгарија која ги сопнуваше мигрантите

Датум и време на објавување: 05.10.2015, 20:42

Датум на рецензирање: 08.10.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитоста во секој новинарски текст зависи од тоа дали информацијата е точна во сите сегменти на производот. Тоа подразбира дека елементите од кои е составен написот мора меѓу себе да кореспондираат во делот на вистинитоста. Не може насловот, како во овој случај, да отскокнува од содржината. Апсолутно е недозволиво сензационалноста во насловната конструкција, пласирана поради пустата желба за кликнувања, да ја засени точноста. Да расчистиме, снимателката што стана цел на гневот на светската јавност по нејзиниот безумен чин, не е обесена, како што овде се објавува. Поточно, босански уметник нацртал карикатура во која снимателката е врзана за едната нога со главата надолу, што јасно е кажано во содржината на истиот напис. Значи насловната конструкција е невистинита, тенденциозна и ја води публиката во погрешна насока.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации… – Кодекс на новинари.

Идејата на насловот во голема мерка треба да зависи, да извира од текстот на кој се однесува, да соодветствува на податоците, гледиштата од текстот“ – Новинарски жанрови.

Откако утврдивме дека конкретниот наслов по секоја основа е неприфатлив, за во иднина да не се повторуваат вакви случаи, ќе наведеме што дел од светските стандарди за пишување насловна конструкција.

Четири императиви за пишување наслови:

  • мора да бидат точни;
  • мора лесно да се разбирливи;
  • мора да привлечат внимание;
  • мора да го одреди тонот на написот.

Тест: Вкус-атрактивност-јасност-вистинитост

  • дали има елементи на невкус?
  • дали го привлекува вниманието на читателите?
  • дали брзо и јасно ќе комуницира?
  • дали е точен, вистинит?

(Школа за новинарство, Универзитет „Колумбија“)

Значи, виси снимателката, ама на карикатура, а она што е обесено, за жал, е вистинитоста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

ако се чита само насловот „не“

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

не ги соопштува како што треба

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

и да и не

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови