Рецензија: Новото раководство на СДСМ шири лажна еуфорија
Објавено во Рецензии
on 27 - 11 - 2013 Автор: Владимир МирческиНема текст, нема потпис, нема извори, нема соговорници. Единствено нешто што укажува на тоа дека станува збор за некаков обид за новинарски производ е само гласот во позадина кој раскажува „колку опозицијата е изгубена, бидејќи ја копирала,“ како што се вели, „губитничката стратегија на претходниот лидер базирана на еуфорични настапи“. Констатација кажана, а со ништо непотврдена. Дали на „гласот во позадина,“ кој очигледно е само позајмен, му е јасно што сѐ изнакажа во 1 минута и 45 секунди, колку што трае овој т.н. телевизиски извештај, и колку во овој кус период недозволиво ги прекрши ама баш сите можни професионални стандарди?
Линк до оригиналниот напис: Новото раководство на СДСМ шири лажна еуфорија
Датум и време на објавување: 25.11.2013 16:33
Датум на рецензирање: 25.11.2013
Рецензент: Владимир Мирчески
Вистинитост: Не може да се пронајде, барем не во количество за барем минимално да се потврди тврдењето дека новите луѓе во СДСМ ги преземаат мерките на претходното раководство, кое исто како и нив, преку еуфорични настапи, ја затскривало својата безидејност. Таков доказ не е понуден во овој текст. Единствено нешто што е веродостојно се архивските снимки од говорите на поранешниот лидер на СДСМ. Друго нема.
Извори на информации: Ги нема. На три места се споменуваат ексерти. Кои се тие, никој не знае.
Содржајност: Тотално отсуство на содржајност. Од неа нема ниту „трошки“.
Пристрасност: Е, затоа, пак, овој елемент го има во изобилие.
„Ширењето лажна победничка еуфорија поддржана од опозицискте медиуми повторно станува карактеристика на СДСМ“
– ова е само еден пример за присутната пристрасност.
Оригиналност/Плагијат: Немаме наведен автор, но бездруго понудената „содржина“ не дава основ овој извештај јасно да се стави во категоријата оригинали.
Квалитет на насловот: Неквалитетен наслов, бидејќи повеќе од очигледно е дека е „наведувачки“, а не „информирачки“. Поточно, насловот ја отсликува содржината за која утврдивме дека ја нема.
Заклучок: Тотално промашување од професионален аспект. Не ги задоволува основните новинарски критериуми. Не нуди информативност, ниту содржајност, а за сметка на тоа се забележува тендециозност. Тезата која се пласира во ниту еден момент не е соодветно аргументирана. Уште еден во низата текстови кои наместо „издржано“ да информираат или анализираат, само нешто „одработуваат“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди точноста на наводите
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
не е апликативно
солидни мултимедијални елементи
не е апликативно
стилски неуреден
неповрзан со тагови