Љубовно писмо или новинарски текст
Објавено во Рецензии
on 20 - 05 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: НетПрес Анализа: Со Мијалков како класичен партиски играч СДСМ ќе доживее политички потоп]
Текстот кој е предмет на оваа рецензија е класичен пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски професионален напис. Уште од самиот наслов, станува јасно дека анонимниот автор кој ја направил оваа анализа, го идеализира поранешниот директор на УБК до ниво на бог, посочувајќи дека по него на опозицијата ќе ѝ се случи потоп.
Линкуван наслов на анализираниот напис: НетПрес Анализа: Со Мијалков како класичен партиски играч СДСМ ќе доживее политички потоп
Датум и време на објавување: 13.05.2015
Датум на рецензирање: 19.05.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
Освен што оставката на Сашо Мијалков од позицијата директор на Управата за безбедност и контраразунување е доживеана како висок државнички и патриотски чин во интерес на Македонија, јавноста плетејќи ги своите теории околу идното функционирање на истакнатиот член на ВМРО-ДПМНЕ ја фаворизира тезата дека извесниот иден активен ангажман на Мијалков во партиските структури ќе донесе дополнителна предност за партијата на Никола Груевски.
„Освен што оставката на Сашо Мијалков од позицијата директор на Управата за Безбедност и Контраразунување е доживеана како висок државнички и патриотски чин во интерес на Македонија, јавноста плетејќи ги своите теории околу идното функционирање на истакнатиот член на ВМРОДПМНЕ ја фаворизира тезата дека извесниот иден активен ангажман на Мијалков во партиските структури ќе донесе дополнителна предност за партијата на Никола Груевски.“
Написот, без ниту трошка критичка дистанца, го велича ликот и делото на Мијалков, при што наликува како материјал од некое партиско гласило. На тој начин, новинарот го прекршил основното новинарско правило, а тоа е да обезбеди дистанца од политичките субјекти. Ова е еден фалбаџиски текст, кој очигледно има цел да ја скрие вистината за оставката на Мијалков. Токму затоа и написот ѝ е пласиран на јавноста само еден ден по заминувањето на Мијалков од функцијата директор на УБК. На ниту едно место во текстот не е посочено дека неговото повлекување следи само неколку дена по акцијата на полицијата во Куманово во која загинаа осум припадници на специјалната единица на МВР, а 37 беа повредени и дека како директно одговорен за тоа, меѓу другите, дел од јавноста го посочи токму Мијалков. Имено, дел од македонските медиуми објавија дека полициската акција во Куманово била провалена и дека тоа била причината за оставките на првите луѓе во МВР и во ДБК. Српски „Блиц“, пак, директно го обвини Мијалков дека го организирал терористичкиот напад во Куманово.
Во текстот, авторот, исто така, заборавил да напише дека Мијалков беше и еден од главните актери во „бомбите“ што ги објавуваше опозицијата, а неговиот лик беше најмногу поврзан со партиските вработувања во судството.
„Мијалков претставува и своевиден мит во скопската и македонската јавност. Посакувано друштво за секого и личност за која секој граѓанин зборува со голем респект, и оние малкумина кои не го поддржуваат затоа што во него гледаат се што тие не се, а сакале да бидат, и огромното мнозинство народ кои го сакаат, прераскажуваат урбани легенди за него и за кои претставува модел на човек на кој секогаш може да се потпрат, и во добро и во зло.“3
Што да се каже за овој дел од написот? Авторот на оваа рецензија остана без зборови, обидувајќи да се пронајде во кои луѓе спаѓа, дали во многумината кои го обожуваат и сакаат да бидат со него во друштво или, пак, оние малкумина кои сакаат да бидат како него, а не се. Очигледно овој напис повеќе наликува на љубовно писмо, отколку на новинарски текст.
На крајот од ова романтично писание, авторот заклучува дека со Мијалков на терен, ВМРО-ДПМНЕ ќе воскресне, а СДСМ ќе доживее потоп. Со ова очигледно е дека се прави обид, преку фалење и величање, да се оправда и да се испере оставката на првиот човек на УБК.
Новинарот на читателот не треба да му наметнува свои мислења, туку треба да му ја долови реалноста. На јавноста треба да ѝ се сервираат балансирани и вистинити вести, а не идеализации. Како пример за тоа како треба навистина да изгледа една новинарска анализа, во случајов портрет на Сашо Мијалков, би ја посочиле анализата на „Призма“, која, за разлика од оваа што е предмет на рецензија, е потпишана од автор со име и со презиме, а во неа има факти и балансираност.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
релевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови