verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарството не смее да биде продолжена рака на власта

on 26 - 09 - 2015       

11111-09876-098-crop-resize

[Рецензија: Неспособниот Трифун се упати кон скутот на СДСМ]

 

Што работа е ова политиката, не само што е неморална, па нели велат дека е проститука, туку е и, како што покажува овој текст, строго наменска. Така, сѐ додека некој ѝ треба на елитата, него „ќе го играат“, ама кога ќе му помине рокот на траење тој, како потрошна стока, ќе биде „пуштен низ вода“. Најверојатно, тоа не е невообичаено и за држави со далеку поголема политичка култура, ама разликата е што во Македонија степенот на „пуштањето низ вода“ соодветствува на плакнење тоалетна школка.

1111Линк до оригиналниот напис: Неспособниот Трифун се упати кон скутот на СДСМ

Датум и време на објавување: 19.09.2015, 12:53

Датум на рецензирање: 22.09.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

МЕДИУМСКА ЛОБОТОМИЈА: НА ЧИЈ ИМИЏ ВМРО-ДПМНЕ ГО ОСВОИ СКОПЈЕ

„Трифун Костовски е успешен човек во бизнисот, хуманист и човек што како поединец многу дал за Скопје и за граѓаните на овој град. Крупните одлуки не се носат набрзина, освен во ситуации кога немате друг избор.“

Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Оваа изјава лидерот на тогашната опозиција ја дава пред почетокот на кампањата за локалните избори во 2005 година на кои со триумфот на Костовски во Скопје, всушност, и почнува победничката низа на ВМРО-ДПМНЕ до денес. Значи, човекот на чиј имиџ, во основа, се „налепи“ десницата и ги освои гласовите во главниот град што, според изборната практика, е еден клучните фактори и услови за преземање на централната власт, сега е непожелен и „сомнителен бизнисмен“ за тие исти десничари кои безмалку 10 години дрмаат со државата. Да бидеме искрени, „љубовта“ меѓу Костовски и ВМРО-ДПМНЕ одамна ја нема, но вакви жестоки медиумски напади врз него, со такви лични квалификации се новина. А зошто? – Зашто човекот пред некој ден најави дека ќе формираново движење за Македонија, натпартиска и мултиетничка организација која ќе понуди нов концепт за општествено политички развој и економски напредок со можност движењето да прерасне и во партија која би излегла на следните избори“. Тоа, најверојатно, некому му се видело како можна закана и веднаш во погон се пуштени медиумските лаjачи за, на својствен и познат начин, на публиката да ѝ „дообјаснат“ што тоа значи. Веднаш се прават обиди за медиумска лоботомија – да се заборави фактот оти тој ист човек мандатот го доби и со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека во Советот на градот работеше со советници на ВМРО-ДПМНЕ и паралелно да се прогласи за:

„…најнеспособниот градоначалник на Скопје на сите времиња. Овој милионер своите пари ги има заработено искористувајќи  ја својата  позицијата преставник на државна фирма во 80-тите во Советскиот сојуз, за потоа да се врати како еден од најбогатите бизнисмени во Македонија. Јавноста никогаш не дозна како и на кој начин во тоа време еден службеник стана побогат од својата фирма која го пратила да работи.“

Тврдењето дека е „најнеспособниот градоначалник“, всушност, произлегува дека е личен став зашто не е поткрепен ниту со изјави, ниту со бројки, ниту, пак, со некаква анкета меѓу скопјани. Секој од нас може за кого било сешто да мисли, но тоа не може туку-така да биде нафрлено во еден напис. Поедноставено кажано, наведените формулации се непоткрепени со солидни новинарски аргументи. Поточно, целиот текст хронично боледува од недостиг од вистински новинарски алатки, меѓу кои, секако, се и изворите на информации. Само на едно место се повикува на постар текст што, секако, не е доволно за да ги „покрие“ сите изнесени обвинувања.

 

ПОЛИТИКАТА ИМА ДВОЈНИ АРШИНИ, НОВИНАРСТВОТО НЕ  

Сега, на пример, бизнисот на Костовски е проблематичен елемент, а во 2005 бил позитивен аспект, барем така покажува изјавата на тогашниот прв опозиционер. На забелешката, ако некој ја има, дека ова е напис, а не реакција на владејачката партија, ќе одговарам со аргументите дека материјалот се појави на „медиумите“ кои негуваат политика блиска до онаа на Илинденска. Пример е конкретниот напис кој едноставно е преземен. Политичките битки не се работа на новинарите. Политиката има двојни аршини, новинарството не. Новинарството не смее да биде продолжена рака на власта. Ама, тоа не се единствените маани на овој напис.

Коментарот е новинарски жанр, ама точно е прецизирано кога и како се применува.

„Ете овој човек , прифатил да глуми движење за да пред избори движењето се приклучи кон СДСМ и да личи дека се формира голем блок на опозицијата. Многу провидно и прочитано од јавноста.

СДСМ и СОРОС  конечно му најдоа функција на Трифун Костовски во нивното сценарио, да изигува трет пат кој на крајот ќе води до скутот на Зоран Заев и Радмила Шекеринска.“

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот на новинари.

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката – член 15 од Кодексот на новинари.

Не велиме дека во заднината на ова движење можеби и има некоја поголема игра, ама овој материјал едноставно не се нафатил тоа соодветно да го истражи и да објави изградена приказна, поткрепена со кредибилна информација, а не да пушти во „оптек“ само обичен плукачки текст, силно обоен, до немај каде пристрасен, само делумно точен, зачинет со монтиран видеозапис, чија единствена и основна цел е да ги задоволи желбите на некој. А тој некој, сигурно не е јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

во еден дел

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

речиси ич

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови