verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ЛП нема право да дислоцира споменици од „Скопје 2014“

on 22 - 03 - 2013       

.

„Анкетата со која Либералната партија го преиспитува мислењето на скопјани дали спомениците, што се дел од проектот ‘Скопје 2014’, треба да се дислоцираат од плоштадот е лоша идеја за собирање политички поени. Откако на својата официјална страница партијата ја постави анкетата, на која граѓаните може да се изјаснат со ‘да’ и ‘не’, архитектите се огласија дека не може прекуноќ и инкогнито која било структура што ќе дојде на власт да одлучува за нешто што е утврдено преку многу дебати, со факти и што е констатирано од стручна комисија.“

Со текст чиј пролог го цитираме, потпишан со иницијали Л.Ѓ., дневниот весник „Дневник“ прави обид да одговори на иницијативата на една партија која наидува на интерес кај граѓанството и е сосема легитимна. Таа се засновува на хипотетичко користење на уставно дозволени инструменти на изразување на желба на граѓаните, како што е анкетата, како основ за водење политика во едно демократско општество. Користејќи се само со мислење на еден архитект, кој е инволвиран во целиот проект „Скопје 2014“, се спинува илузорност на таквата идеја од некаква наводна правна причина.

ЛП нема право да дислоцира споменици од „Скопје 2014“Линк до оригиналниот напис: ЛП нема право да дислоцира споменици од „Скопје 2014“

Датум и време на објавување: 18.03.2013, 17:50

Датум на рецензирање: 19.03.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Авторот на текстот се повикува само на едно мислење (архитектот Вангел Божиновски) кој за локацијата на спомениците на Плоштадот каква што е во мигот, се повикува на јавни дебати, кои ги немало, барем не во насока да се стручни и да доаѓаат во правец на одобрување на тој мегаломански проект. Напротив, многу стручњаци, па дури и Здружението на архитекти и урбанисти не се согласувале со проектот, како решение и со неговата идејност.

Извори на информации: Многу е веројатно дека архитектот Божиновски бил или е сè уште член на некое од телата кои имале советодавна функција во однос на проектот „Скопје 2014“ и генерално и во изработката на некои конкретни проекти. Оттаму тој може да се оцени како релевантен извор, но е единствен кој е предаден со две-три реченици за да одговори на една иницијатива која е комплексна и подемократска отколку што тоа биле сите постапки во поставувањето на бројните споменици за кои ни се смее светот. Другите извори се набројуваат ама не и цитираат, па не може да се потврди нивната автентичност во консултирањето.

Содржајност: Написот нема никаков линк со предметот на критика (изјава на конкретен член на партијата која е иницијатор на идејата за преселба на дел од скулптурите на други локации, кој би ја образложил идејата на ЛП), на кој било друг урбанист (кој би бил посоодветен како стручњак од еден архитект!), на органите кои  одлучувале за нивното поставување и изведување и за оние кои имале спротивно мислење. Секако написот бара и мислење и од правен стручњак за процедурите кои се применуваат во ваков тип на урбанизација. Написот се повикува на неименувани извори кај архитектите, нема мислење од уметниците, а наводно „ги брани“ итн.

Пристрасност: Проектот Скопје 2014 целосно ја изненади јавноста, дури и стручната и целосна лага е дека тој се засновува врз некаква консултација на меродавната, а секако и на другата јавност, која морала да се изјасни, бидејќи, тој пред сè чини многу пари (500 милиони евра), а згора и натаму ќе бара издвојување на народни пари за негово довршување и за одржување на постојните инсталации од истиот. Многубројни се критиките на тој проект од земјата и од странство и тие ја прикажуваат власта како бескрупулозен трошач во името на главно бесмислени  објекти, без трајна вредност и ставени во амбиент во кој тие се задушуваат меѓусебно.

Квалитет на насловот: Во рамки на скромната должина на текстот и неговата намера да спинува „на мал простор“, насловот е соодветен на намерите на авторот.

Заклучок: Текстот во „Дневник“ настојува да спинува со една куса изјава на еден од совиновниците на проектот „Скопје 2014“ без да отвора простор за полемика во однос на самиот проект, кој упорно се одбегнува пред локалните избори од страна на неговите креатори. Постои видливо настојување да се изгради ѕид кон темата.

Рецензија: ЛП нема право да дислоцира споменици од „Скопје 2014“

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ