verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Kопија на Југославија за да се истисне Русија од Балканот

on 25 - 09 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

bleda-jugoslavija 001

Насловот на текстот најавува серозни геостратешки поместувања на Балканот.

 

„Руските енергетски планови се во конфликт со плановите на енергетската мрежа на ЕУ во Југоисточна Европа, па не е изненадување дека преку формирањето на „шестката“, контролирана од Западот, ЕУ сака да го запре натамошното руско продирање на овој пазар“.

 

Текстот во воведниот дел се занимава со шпекулацијата за напорите на големите сили да ѝ се спротивстават на Русија токму на Балканот и тоа со формирање на една нова мега заедница (некогашната Југославија, минус Словенија и Хрватска, плус Косово и Албанија) без да се повика на ниту еден сериозен извор, особено што се работи за повеќе од сериозна тема и за дневен весник кој, секако, претендира да биде сфатен сериозно!

Во вториот дел авторката се бави со барање потврда меѓу српско-црногорските извори за таа нова (кон)федерација, која, практично, онака како што се наѕира, ја негира основната идеја од првиот дел, а особено меѓународната поддршка и ја сведува на соработка на балканските полиции! Што се вели „се тресеше гората…“

Нова идеја на Запад

Линк до оригиналниот напис: Kопија на Југославија за да се истисне Русија од Балканот

Датум и време на објавување:19.09.2013, 17:37

Датум на рецензирање: 24.09.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Она што најпрвинпаѓа во очи во овој поголем текст е дека тој е доста лабав во однос на цитирање извори на сознанија за едни многу сериозни потенцијални, најавени настани на полуостровот. Збунува начинот на кој треба да се убедиме како читатели дека зад сево ова главно стои некаква српско-црногорска платформа. Пред сѐ, заради споменувањето на Јужен тек, како основ на источно-западниот конфликт во регионов, гасовод од кој токму Србија смета дека има голема добивка. Јужен тек не би имал успех ако и Западот веќе не го прифати и тоа одамна како сопствен енергетски извор! Потоа, токму во Србија сите ресурси веќе влегоа во рацете на руски инвеститори и прашање е дали Белград , како што и во самиот напис се спомнува, сето ова би сакал да го стави „во рикверц“.  Србија и Црна Гора имаат во голема мерка дијаметрални надворешно-политички интереси. Згора на сѐ, оваа иницијатива би донела најголем профит за Косово, кое на мала врата треба да влезе во Унијата, а тоа секако не би бил „среќен крај“ за актуелната политичка екипа во Србија.

Извори на информации: За тезите од написот во првиот, макрополитичкиот дел, написот се повикува на неофицијални српски извори. Кои се тие? Не се дава ниту најмал знак, освен можеби  попатното споменување на магазинот „Ин Србија“, кој излегува на англиски јазик. Во принцип, тоа е еден официјален извор, ама нема цитат од него или линк до тој напис?!

Посебно збунува што во вториот цел написот цитира една српска аналитичарка, високо позиционирана во српската Социјалистичка партија, од каде потекнува и премиерот Дачиќ, која говори дека идејата ја дава црногорскиот министер за надворешни работи, Игор Лукшиќ, „кој е премногу млад“, а и самиот Лукшиќ кој, патем, исто така се цитира, ја релативизира целата идеја и ја симнува на многу ниско ниво во однос на најавеното во првиот дел на текстот. Што се вели, тоа е необичен текст во кој оние што треба да ја потврдат тезата истата ја негираат!

Содржајност: Написот се повикува на два конкретни настани кои треба да ја потврдат хипотезата за новата (кон)федерација. Првата требаше да биде средбата меѓу српскиот и црногорскиот премиер, ама колку што видовме, немаше ни назнака дека се говорело на таа тема, иако средбата помина! Втората можност е балканските лидери да ја отворат таа тема во контактите меѓу себе на актуелното Генерално собрание на ООН, што се одвива деновиве. Оваа потврда, преку едниот настан најавен во текстот или преку вториов, исто така, најавен само во овој текст, како последна надеж за неговата содржинска смисла, би била дефинитивен доказ дека „новата Југославија“ е можна или е само една фантазија неотпорна на стварноста.

Пристрасност: Овој текст, како и некои други што потоа во една или друга форма се јавија кај нас (не успеавме да пронајдеме паралела во сериозен белградски или друг весник на ова тема деновиве), повеќе наликува на спин, кој треба да ја смири јавноста по нашиот неуспех во приближувањето до Брисел, што веќе извесно треба да се случи на 15 октомври .

Оригиналност/Плагијат: Текстот е потпишан како авторски, ама тој во начинот на кој е презентиран повеќе сака да биде „мост“ кон некои, не сосема средени или дефинирани извори на информации, без видлив обид да биде нивни „лепак“.

Квалитет на насловот: Насловот е долг и описен, иако не е сосема соодветен на идејата на творецот/творците на идејата за Г-6, која личи на „шаховска опција“, ама  повеќе одговара на намерите да се побегне од историјата, а да не се влезе сосема во географијата (Западен Балкан, на пример, што е поадекватно). Од аспект на потребата на новинарскиот текст да биде асоцијативен, користењето на терминот „копија на Југославија“ можеби е дозволено, но тоа не е точен термин, особено што во опција се и две земји кои немаат ништо словенско во себе. Авторката требала да бара други солуции за наслов.

Фотографија: Написот има една фотографија, која нема легенда. За дел од читателите мизансценот е препознатлив – се работи за дел од паркот наречен „Југославија“, кој го има изградено приватно еден суботичанец, но општо земено, таа фотографија нема да им  значи многу за најголем дел од читателите. Оттаму нејзиниот избор не е среќно  решение.

Заклучок: Како да се сакало на мала врата да не се остави сосема сериозен впечаток за вака сериозна тема, која би требала да ја потресе свеската јавност, а да не говориме за балканските држави и нивните народи. Оттаму, спојот меѓу двата текста во еден, под еден наслов, нема сериозен содржински „завар“ (спој).  Ниту пак кореспондира со она што ни е познато како глобален интерес.

Тезата дека „не сме во тек“ за да ја прифатиме оваа иницијатива, односно да ја согледаме нејзината тежина, како и дека има потреба од некои дополнителни настани (како седницата на Генералното собраните на ООН) за, ете, таа да „тргне“, сепак, остана само на ниво на теза. Ништо не се случи во правец на оставување на оваа иницијатива.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, аноними

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови