Како Земјата да се подготви за катастрофата што ја носат вакви написи
Објавено во Рецензии
on 6 - 08 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Протекоа документи на ЦИА: Земјата има 12 часа за да се подготви за катастрофа]
Да беше вистинит текстот, денеска немаше да можете да ја прочитате оваа рецензија. Ама, ете, Земјата сè уште се врти околу Сонцето, има ден и ноќ, има и Сонце и Месечина и ѕвезди. Па, зошто тогаш овој текст бил пуштен во јавност? Просто е! За повеќе кликнувања.
Линк до оригиналниот напис: Протекоа документи на ЦИА: Земјата има 12 часа за да се подготви за катастрофа
Датум и време на објавување: 29.07.2015, 17:20
Датум на рецензирање: 06.08.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
НЕ ГРЕЕ ЛИ УШТЕ СОНЦЕ?
Текстови кои наводно нудат податоци од ЦИА има постојано, особено на интернет-порталите. Ако, пак, сè она што се пишува е точно, тогаш ЦИА треба веднаш да се затвори. Каква е таа разузнавачка агенција, нели најсилна на светот, од која секојдневно протекуваат информации.
Ништо од овој текст не е вистина. Ниту има докуметни од ЦИА, ниту ќе ѝ се случи нешто на планетата Земја. Не верувам дека некој сè уште се паничи на вакви измислени вести, но, еве, за секој случај, да кажеме дека нема ништо да се случи. Ова е текст од оние, кои одвреме-навреме се појавуваат, за да се привлече внимание при веројатниот пад на посети, особено во летниот период.
Иако дури е и срамно да се рецензира новинарски текстов, мора да се каже дека нема одредница кога ова би се случило. Вчера, денеска, утре… Нема фотографија, ниту некаква назнака за наводниот документ од ЦИА. Нема линк, нема цитати… Веста е преведена од српски медиум, но тоа не значи дека требало да ѝ се поверува здраво за готово. Можело, на пример, да се направи критички осврт. Ама, тоа не е направено.
Што друго да се каже за текстов. Дека не е вистинит се гледа од авион. Дека е лошо новинарско четиво – исто така. Дека ќе има и понатаму вакви глупости, исто така, е факт. Сепак, мора да се каже и некаде да биде запишано дека вака вест не се работи. Овие текстови „копи-пејст“ се измислица од поново време. Затоа и постои оваа рецензија, некаде да биде запишано дека ова не е новинарство.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови