verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вознемирувачка и застрашувачка порака, вознемирувачка и застрашувачка фотографија и сето тоа без контекст

on 6 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-096-Груевски-22-crop-resize

 

[Рецензија: Груевски: На секое нарушување на мирот, ќе биде жестоко одговорено и возвратено]

 

Ако под ваков наслов: „На секое нарушување на мирот, ќе биде жестоко одговорено и возвратено“ медиумот стави слика со колона борбени возила во формација со спремни митралези, и тоа го објави во пресрет на најавените демонстрации против Владата на 17 мај, граѓаните нема да останат рамнодушни без оглед на која политичка опција припаѓаат.

FireShot Screen Capture #096 - 'Груевски_ На секое нарушување на мирот, ќе биде жестоко одговорено и возвратено 22Линк до оригиналниот напис: Груевски: На секое нарушување на мирот, ќе биде жестоко одговорено и возвратено

Датум и време на објавување: 02.05.2015 16:42

Датум на рецензирање: 03.05.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

КРАТКО И НЕЈАСНО

Станува збор за краток, но содржински нејасен текст во кој е пренесен говор на политичар. Не знаеме дали се работи само за сегменти на говорот кои се извадени од контекст или и самиот говорник бил нејасен, но пораката е вознемирувачка и застрашувачка, особено со несреќно избрана фотографија со која е илустриран текстот.

Од напишаното тешко може да се протолкува кон кого е упатена оваа закана на премиерот, дали кон другата по големина етничка група во Македонија, надворешниот непријател или опозицијата, бидејќи конфузно се спомнуваат сите.

„Тој потсети дека имавме неколку ситуации кои ја зголемија загриженоста кај граѓаните, но полицијата и институциите одлично се справија со нив.“

 

КОИ СЕ ТОА „НИЕ И НАШИ“

Полицијата, според Уставот и Законот за полиција, се справува со оние кои го нарушуваат јавниот ред и мир, па спомнување на нејзините успеси во неколку такви ситуациии асоцира на подготовка за пресметка со демонстрантите.

Контекстот е нејасен. Пораката е упатена од конгресна говорница и не е јасно дали „ние“ и „нашите“ се однесува на партијата и партиското членство, бидејќи „различните мислења“ се однесуваат на внатрешните проблеми, или говорникот мислел на генералната мирољубива политика за која се залага државата и сите ние. Новинарот требало да ја објасни пораката на говорникот.

„Ние нашите проблеми и различни мислења во земјата ги решаваме низ дијалог и толеранција… Неодмна имавме една нова таква ситуација, која повторно нашите политички конкуренти се обидоа да ја стават во дневна политика. Сепак, ако некој одлучи, од било која причина да нѐ загрози и да го наруши мирот на граѓаните, ќе биде жестоко одговорено и возвратено.“

 

ЕТИЧКА ОДГОВОРНОСТ

Кога политичарот со својот говор или изјава може да ја вознемири јавноста, должност на новинарот е тој дел од говорот да го контекстуализира, да го прераскаже и да објасни дека тоа го направил поради вознемирувачка содржина. Поради директно пренесување на таков говор или пораките на политичар, новинарите навистина не можат да трпат некакви правни консеквенци, но имаат етичка одговорност (Како да се пренесат зборовите на политичар).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови