Најзгодниот од 117-тото место
Објавено во Рецензии
on 30 - 07 - 2015 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: Груевски на листата на најзгодни светски лидери]
„De gustibus non est disputandum“ или преведено „За вкусовите не се расправа“. Нешто што некому му е убаво, некому не му се допаѓа и обратно. Значи, секој си има сопствен вкус и тоа е тоа – нема расправа, ама има расправа за тоа ако кажете дека нашиот премиер, рангиран на 117. место од вкупно 197 светски државници, е на „листата најзгодни лидери“.
Линк до оригиналниот напис: Груевски на листата на најзгодни светски лидери
Датум и време на објавување: 25.07.2015, 14:13
Датум на рецензирање: 29.07.2015
Рецензент: Владимир Мирчески
НЕ Е СЀ ВО ИЗГЛЕДОТ, ЗАШТО УБАВИНАТА, НЕЛИ, ДОАЃА ОДНАТРЕ?!
Прво, да расчистиме, овде не станува збор за некакво релевантно истражување, туку личен став на неколку креатори на, пред сè, забавната интернет-страница hottestheadsofstate.com, што и е јасно наведено. Понатаму, не се издвоени најубавите десет, дваесет или педесет политичари во светот, туку се наредени безмалку сите што познати, што помалку познати, што непознати лидери од сите делови на планетава и рангирани според вкусот на администраторите на веб-страницата. Плус, ако од безмалку 200 ликови, позиционирани сте како 117-ти, тогаш тоа не ве сместува во друштвото на најличните, туку меѓу оние „другите“ – помалку личните. Оттука, не држи вода тврдењето во насловот „Груевски на листата на најзгодни светски лидери“, зашто, под А: списокот не е само на убави туку на државници, и под Б: пласирањето во долната половина ама баш ич не ви дава право да велите дека некој се нашол меѓу најзгодните. Да се разебереме, и мене не ми е јасно како, на пример, белорускиот „вечен“ претседател Александар Лукашенко е рангиран како 13. (не знам врз основа на што), а британскиот премиер Дејвид Камерон – на 54. место, ама тоа не ми дава право да кажам дека Камерон на листава е во врвот по убавина зашто тоа, едноставно, не е така. Оттука не е дека „Груевски е на листата најзгодни светски лидери“, туку „Груевски е 117. на листата од 197 лидери рангирани според убавина“.
Друго што му недостига на овој производ е тоа што е нецелосен. Нормално дека не може да се очекува да се наредат сите 197 лица, ама можело барем да ни се каже кој ја предводи листата. Фино е што знаеме како се рангирани дел од политичарите од регионов, ама зошто не е пренесено кои се првите петмина или, пак, како се пласирале најмоќните државници – дали нивниот политички статус соодвествува со нивната „мерлива убавина“. Значи, површно сработено и не до крај јасно четиво, кое можело да излезе подобро освен бомбастичниот наслов за „згоднотијата на македонскиот премиер“ на 117. од вкупно 197 позиции.
Конечно, не е сè во изгледот, бидејќи, нели, вистинската убавина доаѓа однатре?!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
субјективни ставови
субјективни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
изостава информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
делумно, да
не може да се утврди
насловот сугерира наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови