Во овој случај фотографијата не вреди ич, а не, пак, 1.000 зборови
Објавено во Рецензии
on 6 - 08 - 2015 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: Груевски: Ангажирани се сите институции за помош на Тетово]
„Сликата вреди 1.000 зборови“, нели? Ама во овој случај фотогрфијата не вреди ич, а не, пак, 1.000 зборови.
Линк до оригиналниот напис: Груевски: Ангажирани се сите институции за помош на Тетово
Датум и време на објавување: 04.08.2015
Датум на рецензирање: 05.08.2015
Рецензент: Владимир Мирчески
ДЕЗИНФОРМАЦИЈА ПРЕКУ ЛОША ФОТОГРАФИЈА
Овде станува збор за тешка импровизација од аспект на употребената фотографија. Некој ќе рече, тоа е мал грев, имајќи ја предвид ситуацијата во домашните медиуми, но би било сериозен прекршок, кон самото новинарство, овој случај да се извлече само со таква „лабава“ оцена. Внимавајте, имаме класична манипулација и дезинформација на јавноста – за илустрација е искористена фотографија од сосема друг настан, од сосема друг период од годинава. Тоа е недозволиво, особено ако се има предвид тежината на природната катастрофа што го зафати Тетовско, животите што ги однесе и штетата што ја создаде.
Зборуваме за една од, можеби, десетте најважните случки во 2015 година, а таа во овој материјал е „покриена“ со бајата фотка. Како тоа се случило и, што е уште поважно, зошто тоа се дозволило? Нема оправдување во евентуалните објаснувања: брзање, промптно информирање на јавноста, зашто ваквата илустрација не ги информира читателите, бидејќи не им ја пренесува вистинската слика од теренот. Плус, написот е пишуван еден ден по страшното невреме, што значи дека ако се сакало и се мислело, можело да се обезебеди соодветна фотографија. Ама не, се „тарашкало“ по гугл-архивата и се зела слика од поплавите во битолско од февруари, кои ги набљудува премиерот!
Замислете што би се случило ако сите го правеле ова? Би останале без некои од вонвременските фотографии, кои ги одбележале најважните мигови на човештвото во изминатите век и половина. Оттука, ќе кажеме коректен текст плус катастрофална фотографија е еднакво на лош конечен производ.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатна е бидејќи е утната фотографијата
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
погрешна
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови