Рецензија: Грк ја оштетил рампата на македонска царина
Објавено во Рецензии
on 22 - 12 - 2014 Автор: Александар Писарев
Вест е најкратка новинарска форма која треба брзо, кратко и јасно да је пренесе на читателот содржина на настанот.
Под тоа „брзо, кратко и јасно“ не се подразбира буквално да се пренесе содржаната од полицискиот билтен и да се препишат кратенките од полицискиот извештај, па никому, освен на полицискиот службеник што ја составил службената белешка, да не му биде јасно што и каде, всушност, се случило.
Или, како што е регулирано и со членот 15 од Кодексот на новинарите на Македонија: „Неспојливо со новинарската професија е непримерна комуникација со јавноста“. А баш тоа го имаме во оваа вест
Линк до оригиналниот напис: Грк ја оштетил рампата на македонска царина
Датум и време на објавување: 17.12.2014 12:28
Датум на рецензирање: 19.12.2014
Рецензент: Александар Писарев
КАДЕ СЕ СЛУЧИЛ НАСТАНОТ
Типичен пример на трансмисија на полициски билтен, без обид новинарот да се стави во улога на читателот и да види дали тоа што го напишал е јасно и дали содржајно го објаснува настанот.
Едно од петте прашања на кои треба да одговори весста е „каде ?“, каде нешто се случило. Полицијата има своја епиграфика и кратенки кои таа може да ги разбере, но како обичен граѓанин, кој во веста гледа некаков интересен настан, да разбере што тоа и каде се случило.
„Вчера во 10,20 часот на ПС за ГП и ГН-Меџитлија на излез од Р.Македонија.“
Нешто се случувало околу Меџитлија, но Меџитлија е и граничен премин кон Република Грција, Меџитлија е и село, и познат археолошко локалитет од бронзено време, единствено податокот дека ја скршил излезната рампа на царина упатува дека нешто се случило околу или на царина, но тоа не е прецизно објаснето и не морало да биде така.
„…грчкиот државјанин З.Г.(51) извршил оштетување на излезната рампа која е поставена пред царината.“
Царина постои и во градот Битола, како и на железничката станица во овој град. Каде ја скршил рампата, на која царина? Во вистината на настанот не треба да се сомневаме бидејќи изворот на кој се повикува веста е референтен.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови

