verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Становите во Капитол Резиденс – најатрактивна градежна понуда во Скопје

on 24 - 02 - 2014       

02212014-NetPress-Nedviznin-crop-resize

Медиумската содржина што ја рецензираме овде е во спротивност со четвртиот став од членот 6 од Кодексот на новинарите кој вели:

„Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.“

Овој текст не ги почитува новинарските стандарди, а ги има сите атрибути на спонзориран, промотивен текст. Според сите правила, кога станува збор за објавување на спонзорирани текстови, тие мора да бидат видливо маркирани како такви. Наместо тоа, овој текст е објавен е во подкатегоријата „Економија“ во рубриката „Македонија“ без било какво обележје дека станува збор за спонзоориран текст со што во заблуда се доведуваат читателите на медиумот.

02212014-NetPress-NedvizninЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Становите во Капитол Резиденс – најатрактивна градежна понуда во Скопје

Датум и време на објавување: 21.02.2014, 09:0

Датум на рецензирање: 23.02.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Сосема е можно тоа што се тврди во оваа медиумска содржина да е вистина, но тоа не е предмет на оваа рецензија, ниту пак на оценка на спонзорирани текстови. Се работи само за тоа да укажеме дека промотивните текстови мора да бида означени како такви, а новинарските текстови тврдењата за високиот квалитет на производите за кои се пишува ги поткрепува со соодветни експертски мислења.

Извори на информации: Во вакви текстови не може да има две различни страни или мислења. Најчесто како извор се појавува нарачателот на рекламниот текст, или уште еден/два извори кои ја подржуваат афирмативната слика.

Содржајност: Немаме причина да се сомневаме во тврдењата за квалитетот на становите и на комплексот што се рекламира. Дури можеме да прифатиме и дека становите со голема квадратура се продале или се продаваат лесно за сметка на помалите, иако едно кусо истражување на интернет покажува нешто друго, но тоа не е фокусот на оваа рецензија.

Нашиот фокус е медиумот кој објавил текст кој не ги почитува новинарските стандарди, а ги има сите атрибути на спонзориран, нарачан текст. Кога станува збор за такви текстови, уредништвото на медиумот на своите читатели мора да им соопшти, со јасно видлива назнака дека станува збор за рекламен, спонзориран текст. Еве еден линк за да се види како тоа го прават реномирани светски медиуми – Macedonia New Business Heaven in Europe.  

Пристрасност: Кога станува збор за пристрасноста, во врска со овој текст имаме една интересна ситуација: Доколку текстот не е спонзориран, рекламен, тој е – секако – пристрасен. Тој е целосно „навивачки“ во полза на објектот и во полза на сопствениот на објектот на овој станбено-деловен комплекс.

Доколку не е новинарски текст, односно доколку се работи за платена медиумска содржина, тогаш, како што веќе констатиравме, не се испочитувани правилата за јасно означување на природата на таквите текстови. И во двете варијанти има пропусти.

Коментирање: Целиот текст е афирмативен коментар за наводниот квалитет на локацијата и на становите. Тое не е одлика на неутрална, објективна, новинарска содржина.

Оригиналност/Плагијат: Рекламните текстови најчесто се испорачуваат од нарачателите, пи-ар агенциите или пи-ар службите на компаниите што спонзорираат простор, страници или време во медиумите. Можеби овој текст не е „испорачан“ како готов, но во тој случај испорачана е намерата, а авторите во редакцијата за време на пишувањето на текстот биле пи-ар агенти, а не новинари.

Квалитет на насловот: Ваков наслов можат да имаат само спонзорирани текстови. Типичен пи-ар текст.

Фотографија: И фотографијата е во духот на еден рекламен, Пи-аР текст. Блескава фотографија која треба да ги поткрепи сите „фалби“ за објектот и становите.

Заклучок: Во завршницата на оваа рецензија ќе се навратиме уште еднаш на членот 6 од Кодексот на новинарите, кој во првите три става укажува на последиците што можат да се појават доколку новинарите, уредниците и медиумите ја прифатат праксата на објавување на скриено рекламирање. Тоа не е тешко да се препознае, и затоа не е на одмет да ги потсетиме медиумите и новинарите на што укажува членот 6 од Кодексот:

„Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист.
Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија.
Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето.“

Ќе илустрираме само со еден пример што може да им се случи на новинарите и на медиумите кога не ги разграничуваат јасно спонзорираните од авторските новинарски текстови. Како ќе се постави медиумот доколку се соочи со ситуација ако се случи една серија поплаки на граѓаните за квалитетот на производите што како неозначен спонзориран текст, ги величал квалитетите на тие производи. Ризикот е преголем за да се доведе во прашање новинарската објективност или реномето на медиумот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

строго селективни

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

пристрасен

некреативен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови