verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навивач или „балист“?

on 29 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Zaev Shkendija - Kurir

[Рецензија: Рецензија: ФОТО: Навивачот на Шкендија Заев непожелен на македонски натпревари]

Кога политиката ќе се вмеша во спортот, кога спинот ќе ја помати реалната ситуација, кога шпекулациите ќе надвладеат над фактите, кога националниот предзнак станува суштина…. Е тогаш го имаме овој текст!

 

1111Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Навивачот на Шкендија Заев непожелен на македонски натпревари

Датум и време на објавување: 27.08.2016  12:32

 Датум на рецензирање: 28.08.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

„ШКЕНДИЈА“ НЕ Е МАКЕДОНСКА ЕКИПА!?

Навистина се претера со политиката во земјава. Така, сега, политички грев стана и ако некој функционер, во случајов лидерот на опозицијата, се појави на фудбалски натпревар на домашен тим. Проблемот, за кој се разгоропади медумската машинерија спонзорирана од еден центар, е дека екипата е „Шкендија“ од Тетово. Нечуено, а и невидено… На Зоран Заев му се забележува зашто во живо го следел мечот?! Не разбирам, па, зарем „Шкендија“ не е македонска екипа или, пак, Тетово не е во Република Македонија. Намерно, на многу вулгарен и валкан начин, во овој текст се мешаат „баби и жаби“, поточно екипата на „Шкендија“,  однесувањето на нејзините навивачи и првиот човек на СДСМ.

„На натпреварот присуствуваа навивачите на Шкендија кои извикуваа и скандираа против македонската држава, скандираа имиња на балисти, се вееја знамиња на голема Албанија и УЧК, како и транспарент со ликот и името на Џемо Хаса, убиецот на партизаните, додека пак Зоран Заев гордо постави селфи по примерот во Диво Насеље и напиша дека навива за нов успех на Македонија“.

Прво, ниту една екипа, вклучувајќи и светски гиганти, не можат во целост и комплетно да го контролираат однесувањето на своите навивачки групи, зашто секогаш ќе се најде по некоја или, пак, по неколку вжештени глави, кои со своите постапки не само што не му помагаат, туку му наштетуваат на клубот. Оттука, каква врска има претседателот на СДСМ со скандирањето на навивачите на „Шкендија“. Никаква! Тој не може да одговара за постапките на обожавателите на клубот. Тоа е јасно секому, освен на оној, или оние, кои го заговорале овој и нему сличните написи.

Понатаму, ако некој се појави на одреден натпревар, тоа по дефиниција не го прави навивач на еден од двата тима што се натпреваруваат. Личен пример: пред неколку години бев на „Филип Втори“ на мечот меѓу „Работнички“ и „Ливерпул“. Не навивам за ниту еден од двата клуба, ама ми беше мило да присуствувам на гостување на легендарен клуб. Затоа тврдењето дека Заев е навиавач на „Шкендија“ е ептен дискутабилно, но и да е така, па што ако? Зарем во 21 век, би било проблем ако Македонец е за тим што доаѓа од мнозинска албанска средина во Македонија?! Лудост! Ако не е тоа, тогаш таквото тврдење е барем искажување национална нетрпеливост.

 

ЗАЕВ „БАЛИСТ“?

Но, ова не се единствените „фелери“. Се прави една генерализација дека поради присуството на мечот на „Шкендија“ против „Гент“, Заев е непожелен на македонски натпревари. Прво, „Шкендија“ нели е македонска екипа, а?! Второ, кој тоа вели дека Заев е непожелен? Два графита и еден фејсбук-пост! Станува збор за, еве, да ги наречеме, пораки од навивачите „Комити“ и „Чкембари“. Прашање е дали е тоа официјалниот став на овие групи или солирање на одредени структури. Ама и да е така, па „Вардар“ и „Пелистер“ не се единствените, како што некој би рекол, македонски тимови во земјава. Дополнително, често навивачите во Македонија се користат во политички цели и одработуваат партиски агенди, така што „аберот“ до Заев повеќе наликува на политичка, отколку на спортска порака што донекаде го потврдуваат и низата текстови заедно со конкретниот што е предмет на рецензија.

Непотребно и опасно четиво кое влегува на „жежок терен“, каде не треба многу за распалување на националните страсти. На политиката не ѝ е место на спортските терени. Кој политичар седи на трибините не треба да биде поважно од тоа каков е резултатот на теренот…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

делумно

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

национална дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови