verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо фотовест – фотоманипулација

on 25 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

kkkkk-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Како СДСМ покажува масовност на протестот?]

 

Манипулација, тенденциозност, нескриена пристрасност, обид за медиумска саботажа. Зошто? Затоа што станува збор за текст што третира собир организиран од опозицијата.

кккккЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Како СДСМ покажува масовност на протестот?

Датум и време на објавување: 17.05.2015  15:10

Датум на рецензирање: 21.05.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ФОТОВЕСТ? НЕ! ФОТОМАНИПУЛАЦИЈА!

Наместо фотовест имаме фотоманипулација. Поточно, ова е обид за медиумско спинување на протестот што го организираше опозицијата со тоа што во пресрет на собирот цела низа портали и весници пласираа вест дека СДСМ сака со „посебни технички мерки“ да создаде впечаток дека ќе има повеќе народ отколку што навистина ќе бидат присутни. Значи, омеѓувањето на просторот каде ќе се одржи протестот, од една страна со полициската заштитна ограда, а од другата со т.н. барикади за творците на овој материјал е знак дека опозицијата ќе лаже за бројката на присутни граѓани. Тезата е, во најмала рака, чудна од неколку причини. Зошто некој смета дека со оградување на простор би се „создала слика за присуство на повеќе луѓе“? Сликата говори за 1.000 зборови. Значи, нема бегање од реалноста, бидејќи фотографиите ќе покажат дали имало или не луѓе и во и зад тие фамозни „барикади“. Понатаму, на јавноста ѝ се „соли памет“ со некакво гатање дека таквата мерка е превентивна, бидејќи малку луѓе ќе дошле?! Аха, а кој тоа го тврди? Партиски извори, полициски началници, превозници (кои во последен момент откажуваат услуги), или можеби Баба Ванѓа предвидела? Извори за поткрепа на кажаното нема. Многу поедноставно би било ако некој се јавил кај организаторите и прашал зошто се тие „барикади“. Вака, едноставно немаме одговор во овој напис чуму „барикадите“. Затоа може да се каже дека новинарскиот ангажман е речиси никаков. „Бетонирањето“ на непрофесионалниот пристап е во крајот со коментарот:

„Заев одамна се соочи со пропаднатото сценарио во кое не сакаат да учествуваат ниту неговите довчерашни симпатизери. Дека денешниот протест ќе доживее целосно фијаско се гледа од сликата на терен половина час пред официјалниот старт на протестот.“

Видливо е кое е нивото на пристрасност, нели? Високо!

А, сега за да укажеме на сериозната спинерска улога, а и на понудената невистина на материјалот, ќе пренесеме дел од неделниот собир од кој се гледа дека независно од „барикадите“, граѓани се собрале и пред нив и зад нив. Не броиме колку народ имало, бидејќи тоа и не е целта на рецензијава. Но, за докрај да бидеме начисто, не треба да се заборави дека вакви „барикади“ се формираа по објавувањето на овој текст, но на друга локација – пред Собранието – каде наредниот ден власта одржа митинг. Значи, ако едните „барикади“ биле за да се зголеми бројката на присутни, тогаш според, таа аналогија, иста цел имале и овие другиве „барикади“ пред парламентот?! Интересно прашање кое медиумите кои најавуваа фијаско на опозицискиот собир некако го премолчија.

Конечно, ова е преуранет текст, секако не „визионерски“, кој беше демантиран од самиот настан.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

спинува

манипулира

не, најверојатно се од безбедносните камери пред владата

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови