Од опседнатост до смешни конструкции
Објавено во Рецензии
on 21 - 05 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: ФОТО: Како Хрватите ја рушат пропагандата на СОРОС?]
Опседнатоста на некои медиуми со Фондацијата „Отворено општество Македонија“ и нападите по секоја цена кон неа, дефинитивно не запираат. Пример за тоа е и овој напис кој се служи со срамна манипулација и со спин, за да создаде впечаток кај читателите дека дури и „Хрватите знаат дека СОРОС лаже“. Притоа, во текстот нема никакви факти и докази за ваквата теза.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Како Хрватите ја рушат пропагандата на СОРОС?
Датум и време на објавување: 19.05.2015
Датум на рецензирање: 21.05.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Граѓаните на Хрватска ги рушат пласираните лаги и тези на овие пропагандни медиуми за наводно присуство на само 30.000 граѓани на собирот на ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека било очигледно дека биле присутни најмалку 3 пати по 30.000.“
Авторот на овој текст, преку неколку фотографии од коментари на неколку луѓе, шири теза дека Сорос контролира медиуми и во Хрватска кои, пак, наводно шират лаги за тоа колку присутни имало на митингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Сепак, авторот заборавил да наведе неколку работи кои и тоа како се важни за да може да се каже дека написот е релевантен и вистинит. Прво, никаде не е наведено за кои медиуми станува збор ниту, пак, се пренесени наслови од медиумите за кои се зборува. За линкови до вестите воопшто и не станува збор. Второ, профилите на луѓето кои, наводно, коментирале, исто така се нерелевантни. Тоа, на пример, може да се луѓе од каде било, односно нема цврст доказ дека се од Хрватска. На хрвтаски може да пишува и некој Македонец сместен во своето столче пред компјутерот во стан во Скопје. Дури и да се Хрвати, шестмина Хрвати не ги претставуваат сите Хрвати, како што тоа е наведено во насловот.
Очигледно е дека текстот е крајно манипулативен и дека има цел да го нападне Сорос, а да ја претстави „големината“ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова на крајот е искористено и за да се поентира дека „Хрватите биле разочарани од митингот на СДСМ на кој се вееле карти од Голема Албанија“. Сепак, треба да се каже дека тоа не беше митинг на СДСМ, туку граѓански собир на кој повеќе невладини организации и здруженија, политички партии, побараа оставка од владата на Никола Груевски.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови