Не одлета Шекеринска, туку одлета новинарската професионалност
Објавено во Рецензии
on 28 - 05 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: додека СДСМ кампува – Рада и Бобо одлетаа]
Сензационален наслов за сензационален и манипулативен текст. Ексклузивно: СДСМ кампува, Рада одлета! Тука ексклузивно се прашуваме: Па што ако Рада одлетала? Ова е класичен пример за тоа како во недостиг на конкретни и на проверени информации, новинарите манипулираат со фактите и на јавноста ѝ создаваат погрешна слика.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: додека СДСМ кампува – Рада и Бобо одлетаа
Датум и време на објавување: 22.05.2015
Датум на рецензирање: 25.05.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Вечер ексклузивно дознава дека Радмила Шеќеринска и Божидар Јанковски утринава ја напуштија Македонија преку аеродромот Александар Велики на летот утринава во 5.50 часот за Загреб. Дали нивната крајна дестинација е Загреб, засега немаме информации, или пак можеби Хрватска им е само транзит кон друга дестинација.“
Анонимниот автор на овој текст пренесува, според него, ексклузивна информација, дека потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, заедно со својот сопруг, „е фатена жива“ како од скопскиот аеродром „Александар Велики“ заминала за Загреб. Но, тоа не е сè. Авторот уште и отвара дилема и заговара теорија дека тоа, можеби, не е нејзина крајна дестинација. Со ударнава вест сè би било во ред доколку, на пример, Шекеринска е познат терорист, или, пак, има кривична пријава и за неа се води некаква судска постапка во земјава. Но, такво нешто, колку што е познато во јавноста, нема. Шекеринска не е некаков си криминалец, па да се чудиме зошто ја напушта Македонија. Причините за нејзиното заминување може да се многу, но, сепак, нема ништо спорно во тоа. Она што е спорно и што може да отвори многу прашања, е и дали личноста на фотографиите пренесени во текстот, навистина е Радмила Шекеринска или, пак, е некој што потсетува на неа. Кога авторот на фотографиите не е потпишан, не може со сигурност да се тврди дека станува збор за неа.
Очигледна е намерата на да се крене прав околу обична информација и за тоа да се создаде погрешен впечаток кај читателите, а сè само заради поголема читаност.
Подолу во текстот, авторот на овој напис ја открива својата намера и излегува со осуда дека Шекеринска отпатувала, додека нејзините сопратијци сè уште кампувале пред Владата и барале оставка од Груевски. И тоа е за осуда? Никој нема право никого да суди ако за тоа нема конкретни факти и причини. Уште помалку е тоа задача на новинарот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови