Таблоидно четиво злоупотребeно во партиско-политички цели
Објавено во Рецензии
on 19 - 08 - 2015 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: Ексклузивни фотографии: Радмила Шеќеринска во бикини на плажа во Сивота, Грција]
Таблоидно четиво, ама со силна политичка нишка. Поточно, изгледа основната цел не била само на „жолт“ начин да се информира јавноста каде одмора вториот човек на опозицијата, туку тоа сознание да се злоупотреби во партиски цели, да се оцрни политичкиот противник.
Линк до оригиналниот напис: Ексклузивни фотографии: Радмила Шеќеринска во бикини на плажа во Сивота, Грција
Датум и време на објавување: 14.08.2015 12:27
Датум на рецензирање: 18.08.2015
Рецензент: Владимир Мирчески
„БИКИНИ“-ОДМОРОТ Е НА СОПСТВЕНА СМЕТКА, А „ИЗРАЕЛСКАТА“ АВАНТУРА НА ЧИЈА?!
Темата е занимлива, нема збор – каде летува наша позната политичарка. Да се разбереме, вакви текстови, зачинети со папарацо-фотографии, ги полнат светските таблоиди, иако најчесто станува збор за пејачи, актери, познати фаци, луѓе кои немаат врска со политика. Но, во нашиот случај, бидејќи политиката доминира во животите на граѓаните, ете, избрана е политичарка. Ама, не која било, туку втората во хиерархијата на најголемата опозициска партија. Фино, пласирани се две, не баш најостри фотографии, како доказ дека таа си одмора на плажа во Грција. Во ред, легитимно – еве видете каде летува Шекеринска, а тоа е Грција. Да расчистиме, не е баш некоја егзотична дестинација, зашто секоја година стотици илјади македонски државјани одат кај јужниот ни сосед. Фактот дека таа е „уловена“ во лесно достапна локација, а не, на пример, на Малдиви, Сејшели, Хаваи, Монте Карло, Барселона, Њујорк, а можеби и во Израел, се компензира со формулации со кои на читателите сака да им се „вреже“ впечатокот за невидено луксузирање на опозиционерката што за неа, како што се вели, било вообичаено:
„Заменик-претседателката на СДСМ е позната во јавноста по скапиот живот, луксузниот стил на облекување, џипови, големи станови и луксузни вили. Се надеваме дека годинашниот одмор и ги исполнил очекувањата.“
Прво, овде станува збор за коментар, а тоа не ѝ е јасно кажано на публиката.
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот на новинари.
Второ, што имало потреба од такви „дополнувања“ ако веќе е објавена примарната информација? Одговорот е дека има очигледна намера за дискредитација на политичарка, која не е по волја на власта. Уште нешто да разјасниме, конкретната личност во овој момент не извршува каква било државна функција и за тоа не добива пари од државниот буџет. Значи дека таа самата или, пак, нејзиниот сопруг, си ги плаќаат сметките за одмор. Оттука за „луксузирањето“, како што се тврди, самите си се покриваат и граѓаните, односно сите нас, тоа не нè чини ништо.
Може да се извелече паралела дека овој текст за Шекеринска мириса на „вратка“ од другиот табор за случајот „Груевски во Тел Авив“, односно премиерскиот одмор во Израел, кој не беше најавен од надлежните, туку соопштен откако беше медиумски „пробиен“. Сепак, разликата е голема зашто него и неговата службена придружба ние ги плаќаме, а Шекеринска не. Ете, каде ја гледаме партиско-политичката, а не само „новинарската“ мотивираност за таквото пристрасно „кроење“ на конкретниот материјал.
А, да, и на крај една забелешка, некој ќе рече моден детаљ – бикини е дводелен, а не едноделен костим за капење.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
креативен
сензационален
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
делумно има
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови