verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: „Џонсон Мети“ и „Џонсон контролс“ им пишуваат програми на факултетите

on 15 - 07 - 2013       

Ако во рецензиите на новинарските текстови најчесто укажуваме „што и како не треба“, ова е пример за текст „како треба“. Тој е актуелен, објавен во време кога матурантите го прават изборот на студиски програми и е одличен пример за текст поткрепен со релевантни извори, но и со содржина што нуди нови и корисни информации за читателите, особено за споменатата целна група. 

Рецензија: „Џонсон Мети“ и „Џонсон контролс“ им пишуваат програми на факултетитеЛинк до оригиналниот напис: „Џонсон Мети“ и „Џонсон контролс“ им пишуваат програми на факултетите

Датум и време на објавување: 05.07.2013, 17:39

Датум на рецензирање: 10.07.2013

Рецензент: Катерина Блажевска

Вистинитост: Текстот се темели на факти, произлезени од истражувањето на новинарот преку разговор со повеќе извори – деканите на Машинскиот, Техолошко-металуршкиот и на Факултетот за електротехника и информациски технологии, но и врз основа на податоци од Агенцијата за вработување.

Извори на информации: Сите користени извори се релевантни за темата, актуелни и нудат мноштво корисни и нови информации.

Пристрасност: Во текстот не може да се идентификува никаков вид пристрасност. Тој вистинито ја прикажува актуелната состојба со студиските програми на техничките факултети, како и обидот за нивно адаптирање кон современите содржини што ќе го унапредат образовното ниво на најбараните професии од техничката сфера.

Коментирање: Текстот не содржи никакви коментаторски елементи.

Оригиналност/Плагијат: Ова не е ни целосна, ни делумна копија, туку автентичен новинарски текст, со авторски потпис. 

Квалитет на насловот: Насловот е информативен, јасен и креативен, несензационален и сосема соодветен за презентираната содржина.

Фотографија: Текстот е опремен само со една фотографија, но бидејќи нема објаснување која компанија е претставена на неа, останува читателот само да претпоставува дека е презентирана некоја од спомнатите во насловот.

Информациите за нови студиски програми, како на пример, инженерство на материјали и нанотехнологии, не се проследени со соодветни фотографии или илустрации за тие технологии, со што отсуствува визуелна поткрепа на понудената содржина.

Уреден за веб: Текстот е чилив, стилски уреден, но за жал, не користи мултимедијални елементи кои би ја зајакнале неговата аргументација.

Заклучок: Во време кога медиумите се предозирани од политика и „жолти“ содржини, текстот „Џонсон Мети“ и „Џонсон контролс“ им пишуваат програми на факултетите“, е вистинско освежување и од етички и од содржински аспект. Тој е аргументиран, несензационален и богат со корисни податоци од релевантни извори – кои информираат, а не дезинформираат. Објавен е во актуелен момент, кога е зголемена потребата од вакви информации и во академската и во бизнис заедницата. Насловот е информативен и креативен, а она што недостига во содржината се мултимедијални елементи поврзани со темата.

За подобра содржинска аргументација, антерфилето (рамката) во кое се сместени податоците од Агенцијата за вработување за најбарани профили на пазарот на труд, можело да се поткрепи и со графички приказ на состојбата, но и со компаративни податоци од соседството и регионот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има

точни

веродсотојни

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатна

не прикрива

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно

нема

нема

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема

издвоени

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

не

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема

нема

не потикнува

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема

нема

уреден

не