Рецензија: Црвенковски нема да присуствува на Конвенцијата на Пендаровски затоа што знае што ќе каже
Објавено во Рецензии
on 27 - 03 - 2014 Автор: Владо ЃорчевТекст кој упорно се труди да пропагира нешто, да агитира. Вест која упорно сака да докаже нешто, што според досегашните закони на природата, не се докажува. И впрочем текст кој сака сосила да ни наметне некое мислење, а тоа го прави дури и по малку агресивно, со постојано повторување на фразите, на поимите и на термините.
Линк до оригиналниот напис: Црвенковски нема да присуствува на Конвенцијата на Пендаровски затоа што знае што ќе каже
Датум и време на објавување: 24.03.2014, 17:08
Датум на рецензирање: 25.03 2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
КОНСТРУКЦИЈА ОД НАЈДОЛЕН ВИД
Порталите блиски до СДСМ во обид да ја убедат јавноста дека Пендаровски не е избор на Бранко Црвенковски и не е близок до поранешниот лидер на социјалдемократите, излегоа со манипулативно тврдење дека Црвенковски немало да присуствува на Конвенцијата, бидејќи не бил поканет.
Една конструкција која се бави со замена на тези. Информација во медиум се зема како готов производ, се манипулира со неа и повторно се става во улога на засилувач на текстот. Сепак, мора да се поздрави дека ваквите обиди на манипулација бараат подолго време, како да се смисли конструкцијата и како најбезболно повратно да се врати кај читателот.
Изворите на информација, наводно, се некои „проопозициски“ портали. Сепак, не е истакнато кој посбено. Потоа се манипулира и се шпекулира со анонимни и неофицијални извори.
Текстот нема содржина, освен што битно било да го има поради следниов пасус:
Стево Пендаровски важи за близок соработник и човек од доверба на Бранко Црвенковски. Тој повеќе од една деценија добива високи партиски и државни функции и на тие функции е именуван речиси секогаш од Црвенковски. Пендаровски беше претседател на ДИК кој што го верификуваше сомнителниот избор на Црвенковски за претседател на Македонија.
ПРИСТРАСНОСТ СО УМИСЛА
Пристрасноста е политичка, со умисла. Се гледа намерата и поентата на текстот. Но поради, секојдневието на ваквите текстови, дури и нам ни стануваат вообичаени. Простое неверојатно што може пропагандата да им направи на луѓето.
Целиот текст е со коментирање. Веќе кажавме дека овие текстови од пропаганден карактер мора да се прават со коментари, затоа што не може да се најде факт.
Исто така, веќе не се ни знае дали ваквите написи се оригинални или не затоа што исти текстови како јајце на јајце, со ист наслов, ги има на повеќе медиуми. Затоа не може да се лоцира кој прв го активирал копчето, а никаде не е наведен ниту автор, ниту дека зад текстот стои редакцискиот тим.
Насловот на прва манипулира секако и дезинформира. На втора, пак, изгледа смешен. Фотографијата е ставена само како илустрација.
Што да се заклучи на крај. Текст кој претставува пропаганден материјал пар екселанс. Школо за написите од овој вид. Или, пак, ако сакаме обратно, текстови какви што не би смееле да ги имаме во новинарството. Но, како викаат старите – секој со својот ум.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
креативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови