Рецензија: ЧУДО ВО КРУШЕВО: Како мажот израдувал туѓа вдовица!
Објавено во Рецензии
on 2 - 01 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
Еден виц, кој сигурно многумина го слушнале и го знаат, е претставен како новинарски текст. Она што е најинтересно и што сигурно привлекува читаност, е што дејството на овој виц e сместено во Крушево и тоа е ставено во насловот со зголемени букви за да изгледа што попривлечно и посензационално. „Уште една глупост. Зеле виц и го претставиле како вест“ – е дел од коментарот на нашиот читател кој го предложи текстов за рецензија.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ЧУДО ВО КРУШЕВО: Како мажот израдувал туѓа вдовица!
Датум и време на објавување: 28.12.2014
Датум на рецензирање: 02.01.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
Новинарски напис кој спаѓа во групата на информативни жанрови треба да се темели на факти за да ја оправда својата основна намена – да го информира читателот. Тие факти мора да бидат точни и веродостојни. Вистинитоста на овој напис не може да се утврди од причина што во него нема никакви факти и извори. Овој напис е чист пример за сензационалност и за манипулација. Новинарот од виц направил текст и за да изгледа што поверодостоен и актуелен, неговото дејство го сместил токму во Крушево за време на новогодишните празници.
И во случај напишаното да не е виц, повторно не може да се утврди веродостојноста на текстот. Нема изјави од очевидци ниту, пак, конкретни информации кои се луѓето за кои се пишува во текстот. Спомнато е дека настанот се случил во Крушево, но не е нагласено конкретно каде, во кој хотел бил сместен мажот што го испратил спорниот е-мејл и која е жената која се шокирала од напишаното.
Задача на новинарот е да објавува точни и проверени информации кои се од инетерес за читателите. Многу подобро би било кога овој таканаречен текст, би се сместил во рубриката „Забава“, наместо во рубриката „Македонија“ и би се пренел во неговата оригинална форма, без сензации во насловот. Тогаш сигурно читателот би се насмеал и расположил, а не би се довел во ситуација да биде изманипулиран.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
креативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови

