Замаглување на вистината
Објавено во Рецензии
on 17 - 07 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: Членовите на Комисијата за надзор на агенцијата за разузнавање постигнаа договор]
Насловот на овој материјал е погрешен. Тој испраќа неточна информација дека „членовите на Комисијата за надзор на агенцијата за разузнавање постигнaле договор“. Всушност, вистината е дека пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ова собраниско тело си се договорија да направат „контролна посета“ на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), откако претставниците од ДУИ и независната пратеничка Роза Топузова-Каревска ја напуштија работата на Комисијата.
Тоа, практично, значи дека владејачката партија самата ќе направи надзор и ќе побара извештај за работата на тајната полиција, чиј директор го именува Владата!
Линк до оригиналниот напис: Членовите на Комисијата за надзор на агенцијата за разузнавање постигнаа договор
Датум и време на објавување: 14.07.2015, 14:42
Датум на рецензирање: 15.07.2015
Рецензент: Оливера Војновска
„ЗАМАГЛУВАЊЕ“ НА ВИСТИНАТА
Но, не само насловот, туку целиот извештај е проблематичен – манипулативен. Прилогот известува за седницата на Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, ама тоа го прави површно и без да ја пренесе вистинската атмосфера од комисиската расправа.
Овој напис само навидум ги има опфатено сите засегнати страни, а фактички е прилично селективен. Иако се прикажани изјави – тонски парчиња од учесниците во комисиската дебата, сепак, прилогот го маргинализира напуштањето на ДУИ на работата на Комисијата, поради тоа што претставникот на ДУИ во оваа надзорно тело, Зулуфи Адили, досега (14 јули 2015 година) нема добиено безбедносен сертификат.
Исто така, во текстот бегло се поминува преку тоа што претставникот на ДПА не беше присутен на заседанието. Па, по заминувањето на ДУИ и на независната пратеничка, членовите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, самите – со пет гласови „за“, ја донесоа одлуката – Заклучокот да се направи надзорна посета на УБК и да се побара од оваа институција да достави извештај за нејзиното работење во минатата година!
И наспроти овој битен момент, уште на самиот почеток на прилогот се соопштува дека:
„Пратениците ќе одат на втора работна средба во УБК и Агенцијата за контраразузнавање. Вака реши Комисијата за надзор на нивната работа“
Тоа, пак, прозвучува, како да се работи за консезуална одлука на Комисијата и не може да се разбере дека евентуалната посета би ја направиле само нејзините членови од владејачката партија.
А, веројатно и таква била целта на вака стокмениот прилог. Наместо да ја испочитува, да ја „замагли“ вистината!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови

