verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пристрасноста и кредибилното новинарство не одат рака под рака

on 11 - 09 - 2015       

aaa-09876-0980-crop-resize

 

[Рецензија: БУГАРИЈА СТАНА СОЈУЗНИК НА ИСИС: Бугарите забранија прелет на руските хуманитарни авиони за Сирија!]

 

Исклучително тенденциозно и пристрасно четиво. Класично извртување на фактичката ситуација и спинување за јавно да се оцрни една држава зашто, меѓу другото, не му оди по ќефот на поранешниот „голем газда“ од поранешниот „голем блок“. Пример за тоа што се случува ако помешате сопствени, во случајов проруски сентименти, и вест, а резултатот не е ниту боршч, ниту кредибилно информирање, туку едноставна медиумска папзјанија.

aaaЛинк до оригиналниот напис: БУГАРИЈА СТАНА СОЈУЗНИК НА ИСИС: Бугарите забранија прелет на руските хуманитарни авиони за Сирија!

Датум и време на објавување: 08.09.2015

Датум на рецензирање: 10.09.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СО ЉУБОВ ОД (ЗА) РУСИЈА

Да не се залажуваме, сириското прашање е исклучителен глобален проблем на кој не може така лесно и поедноставено, како што во овој случај се прави, да му се пристапи. Имаме ептен лежерно и без некакви аргументи, квалификување на добри и на лоши, на црно и на бело. Така, Американците и нивните сојузници, вклучувајќи ја и Бугарија, се по една стара детска терминологија „Германците“, а Русите се „партизаните“. Тоа така, барем не во текст со аспирации да биде новинарски, не оди. Точно е дека Бугарија не дозволи прелет на руски авиони што одат кон Сирија, но тоа по автоматизам и не значи дека „Софија е сојзуник на ИСИС“. Како прво, Бугарија забрани над нејзина територија преминувања на руски воено-транспортни летала кон Сирија, што секако не е исто со тврдењето дека „не е дозволен прелет на руски хуманитарни авиони за Сирија“, зашто, меѓу другото, бугарското небо не е целосно затворено за руски летала.

Второ, во написот се нотира дека бугарските власти се сомневаат оти тие авиони би носеле воена, а не хуманитарна помош за режимот на Асад, ама тоа некого не спречило да ја истопори тезата како Бугарите да влегуваат во сојуз со Исламската држава. Значи, ем се кажува кое е образложението зошто не се дава дозвола, ем се куди дека таквата одлука е еднаква на поддршка на фундаменталистичката организација? Небулоза.

Трет проблем: се вели дека САД ги финансира и вооружува бунтовниците кои се борат против Башар Ал Асад, а Русија сака да ги вооружи Сириските војници што би било во спротивност на планот на САД. Со ова САД призна дека ги финансира терористите и се противи на секаква помош за Сирија“! Елементарна новинарска проверка на фактите покажува дека Пентагон, официјално, има програма за обука на умерените бунтовници кои би се бореле против терористите од Исламската држава, а не програма за подготовка на тие исти терористи. Спин, и тоа голем.

Ако се имаат цврсти докази и факти дека Вашингтон навистина, како што ни се пласира, стои зад фундаменталистите, ајде да ги видиме на виделина, ајде да се расветли таа „двојна улога на Америка“ со што би се расчистило со нејзиното „продавање морал на целиот свет“. Вистина е дека во минатото имало случаи, за во најмала рака сомнителни, недемократски и црни политички потези на најголемата сила на светската мапа, ама тие биле обелоденети со новинарски „машки“ аргументирани текстови. Овој секако не е таков.

Како што веќе рековме, во написов се глорифицира едната страна, наспроти другата, а за жал, работите најчесто не се едноставно црно-бели, особено за прашање каде се вкрстуваат низа интереси на низа држави. Со други зборови, сакам да кажам дека оваа тема и прашањето „кој зад кого стои и кого финансира во Сирија“ не може туку-така да се „намачка и замачка“ и да се влечат произволни заклучоци.

Треба многу ангажирање и труд за на публиката да ѝ се даде коректен и издржан производ, од кој таа ќе се информира, а не само да се нуди разубавување на фактичката исклучително грда ситуација во која Русија е добра, а Западот, во случајов претставен преку Бугарија, е лош. Еден пример, тоа што Москва, преку овој текст, го презентира како помош за жителите на градот Латакија, за Вашингтон е воено билдање на присутните руските сили во Сирија. Па, ајде видете сега дали навистина само „хуманитарна“ помош Москва праќа во оваа држава.

Пристрасноста и кредибилното новинарство не одат рака под рака.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

и манипулира и илустрира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови