verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Анализа: Заев политичар на иднината, додека власта се закопува во минатото

on 23 - 07 - 2013       

Се работи за објавена содржина што не ги задоволува основните елементи на она што треба да биде новинарски напис (проверени информации, објективно и непристрасно информирање на јавноста). Наведено е дека се работи за анализа, но самиот текст не содржи елементи што би го оправдале овој термин. “Аанализата” не се базира на релевантни информации, изјави, споредби и опсервации, туку за субјективен ракурс на авторот, непоткрепен со факти, така што посоодветен наслов би бил коментар.

Recenzija Analiza Zaev politichar na idninata dodeka vlasta se zakopuva vo minatotoЛинк до оригиналниот напис: Анализа: Заев политичар на иднината, додека власта се закопува во минатото

Датум и време на објавување: 15 Јуни 2013 19:27

Датум на рецензирање: 19 јули 2013

Рецензент: Ида Протугер Вељковиќ

Вистинитост:Едиствен веродостоeн факт е дека Зоран Заев е лидер на СДСМ. Остатотокот од написот не ги задоволува професионалните стандарди за новинарски напис, ниту за анализа. Не одразува објективност, непристрасност и не содржи проверени и релевантни информации. Написот се коси со амандманот 1 од Кодексот на новинарите:

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.“

Исто така, се коси и со амандман 13:

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“

Извори на информации: Во написот се наведуваат „експерти“ како извор, но не се наведени со име или функција за да се одреди нивната релевантност (дали се политиколози и сл.), ниту пак има цитирани изјави.

Содржајност: Веста не нуди информација за читателот, туку е пренесена субјективна перцепција на авторот непоткрепена со факти. Повторно, недостасува објективност, непристрасност, провереност на информациите.

Пристрасност: Написот е некритички осврт со пофалби за лидерот на СДСМ, Зоран Заев и за Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар за кој нема основна информација за неговата функција или пак партиска припадност како што е тоа наведено за Заев. Во текстот недостасуваат релевантни изјави, но и информации. На пример, коментирајќи го новиот тим на Заев, авторот наведува дека се тоа млади луѓе „во кој нема ниту еден човек со ниту една дамка, макар и измислена“, притоа не наведувајќи ниту еден аргумент или изјава што го потврдува изнесеното, ниту, пак, се наведени имиња на тие луѓе.

Коментирање: Написот целосно наликува на коментар иако тоа не наведено, но повторно и во коментирањето, ставовите мора да се темелат на факти, а новинарот да биде објективен. Тоа е јасно наведено во Кодексот на новинарите:

„Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.“

Квалитет на насловот: Сензационалност се гледа во терминот „анализа“, кој треба да даде сериозна нота на написот чија содржина целосно отстапува од она што анализата треба да претставува (непристрасност, факти, аргументи, релевантни мислења и изјави).

Говор на омраза:Написот има елементи на дискредитација:

(…власта ги прибира потрошените и истрошени некогаш левичарски личности околу неа, им дава пари и им прави партии….
…Дека владејачките партии веќе немаат можност кого да обвинат и излегуваат со глупави тези, покажуваат и последните ќор фишеци стрелани токму од мегафоните…)

Заклучок: Спротивно на амандман 13 од Кодексот на новинарите, авторот ги меша фактите и мислењата, веста и коментарот. Терминот анализа е злоупотребен, веројатно заради потребата да му се даде сериозна нота на написот. Текстот е непрофесионално напишан, без да се следат принципите на непристрасност, објективност, проверка на фактите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има

аноними

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатна

можеби

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно

има

наклонетост

политичка

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има

интегрирани

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

не

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

има

нема

не потикнува

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни

нема

делумно уреден

не