verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Американски рапери воодушевени од македонската убавина снимаа спот во Скопје

on 26 - 09 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Американски рапери воодушевени 001 foto

Куса видео-вест во која авторот преку селективно претставување на информациите се обидува да му го наметне на читателот своето воодушевување од еден настан.

Американски рапери воодушевени 001Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Американски рапери воодушевени од македонската убавина снимаа спот во Скопје

Датум и време на објавување: 23.09.2013 15.20

Датум на рецензирање: 25.09.2013

Рецензент: Соња Здравеска

Вистинитост: Написот ги црпи информациите од видеоспот на американска музичарка објавен на Јутјуб. Очигледно е дека спотот е снимен во Скопје, покрај спомениците и градбите од „Скопје 2014“, но тука завршуваат сите факти кои можат да се утврдат во текстот.

Извори на информации: Текстот целосно се повикува на објавеното видео, односно на официјалниот канал на американската музичарка Кола Ди на Јутјуб. Изворот може да се смета за легитимен и релевантен, но информациите добиени од видеото се презентирани вон контекст, односно авторот ги користи селективно и ги толкува субјективно. Во текстот нема изјава на Кола Ди, а авторот заклучува дека таа „се воодушевила на убавините на Скопје и околината“.

Содржајност: Иако ова е вест во која суштински има само една страна, тоа не го ослободува авторот од обврската целосно и темелно да ги пренесе информациите. Куса проверка на интернет открива дека Кола Ди е дел од група, заедно со нејзините браќа, наречена Грајндстарз. Според информациите на нивната веб-страница, групата на крајот на јуни била на турнеја во повеќе балкански и европски земји, меѓу кои и Македонија. Видеата на Кола Ди на Јутјуб се снимени во повеќе градови од оваа турнеја, вклучително и во Германија. Но, авторот на текстот не ги открива овие информации и презентира своја верзија:

 „ Американската раперка Цола Де за снимање на спот, од сите градови во светот го избра Скопје. Таа минатиот месец пристигна во Македонија и се воодушеви на убавините на Скопје и околината.“

Пристрасност: Сакајќи да ја наметне својата перцепција за снимениот спот, авторот ги користи само информациите кои го засилуваат „воодушевувачкиот“ тон на текстот. Притоа, тој дури презентира и лажни информации (како тоа дека музичарката била во Скопје минатиот месец, а не во јуни).

Коментирање: Речиси целиот текст е составен од коментари, кои авторот ги претставува како факти. Во кусиот текст коментарите не се издвоени од фактите.

Оригиналност/Плагијат: Написот е оригинално дело, но авторот не е потпишан.

Квалитет на насловот: Во насловот се констатира дека американските музичари биле „воодушевени од македонските убавини“ и дека снимале спот во Скопје. Така, авторот и во насловот ги прераскажува чувствата на американските музичари, без да побара изјава од нив и да ги пренесе изворно.

Фотографија: Написот е илустриран со скриншот од видеото на Кола Ди, објавено на Јутјуб.

Заклучок: Оваа вест ја пренесоа голем број медиуми од Македонија. Настанот е несомнено вреден за објавување, како занимливост и куриозитет, но неговата тривијална природа не смее да биде оправдание за кршење на новинарската етика.

Написот на веб-страницата на Сител (кој се појави три дена подоцна од останатите вести на оваа тема) е класичен пример за новинарска манипулација во која еден настан се пренесува и толкува онака како што му одговара на новинарот (или на уредувачката политика на медиумот за којшто работи).

Информациите кои авторот на написот ги добил од објавениот видеоспот се пренесени неточно или непрецизно, а во делови од текстот авторот си дозволува и чисти измислици, кои одат во прилог на неговата теза. Снимањето на спотот е претставено како голем дострел за Македонија, а двете песни на Кола Ди се најавени како „светски хит“. Не треба да се биде познавач на музиката за да се забележи дека ова е далеку од реалноста и од вистината. Авторот заклучува и дека „од сите градови во светот, Кола Ди го избра Скопје“ – реченица во која, исто така, е видливо воодушевувањето на новинарот, кое тој се обидува да им го наметне на читателите.

Доколку новинарот сакал објективно да ја пренесе веста и да дознае повеќе, можел да ја контактира Кола Ди, да ги потврди информациите кои ги имал и евентуално да добие нови информации, кои можеле само да го збогатат написот. Но, очигледно е дека тоа не била намерата на авторот, затоа што во тој случај би морал да ја пренесе вистината, која не се совпаѓа со она што тој го напишал.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови