verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Страшни предвидувања со лежерен пристап кон фактите

on 1 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

44444-09876-09807-crop-resize

 

[Рецензија: 28 септември поплави и земјотреси – во иста вечер Крвава и Супер Mесечина]

 

Лесен текст за опуштена летна консумација. Таков би требало да биде, ама некаде работите тргнале по погрешен пат. Така, наместо освежување од горливите политички теми во домашната жешка атмосфера и од регионалните и глобалните проблеми, имаме напис-матеница кој не само што не релаксира туку по читањето внесува нервоза од површноста, паушалноста и од контрадикторностите што го карактеризираат.

44444Линк до оригиналниот напис: 28 септември поплави и земјотреси – во иста вечер Крвава и Супер Mесечина

Датум и време на објавување: 30.08.2015, 11:45

Датум на рецензирање: 01.09.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ И ПО ЦЕНА НА САМОРАНУВАЊЕ

Сензационализмот лесно се „продава“ и во тоа нема нити нешто ново, нити нешто изненадувачко, но ако се нема мера во пласирањето информации на „бомбастичен“ начин и се навлезе на теренот ширење паника, тогаш, од новинарска гледна точка, има проблем. Зошто била потребата од ултрасензационалистичка насловна конструкција „28 септември поплави и земјотреси – во иста вечер Крвава и Супер месечина“, кој има и апокалиптични на вестувања, за во содржината подолу да се „смирува топката“ со финишот „експертите тврдат дека нема причина за загриженост, плимата ќе има повеќе од порано, но само до пет сантиметри повисока од највисоката плима во последните дваесет години“?! Одговорот е во, како што утврдивме, тоа дека сензациите носат кликнувања, чија бројка, колку и да е нерелевантен текстот, е правопропроционална со маркетиншката заработка, барем овде кај нас. Но, тоа секако не ја оправдува нелогичноста насловот да е контрадикторен со написот што го најавува. Значи, „5 сантиметри повисока плима“ не значи „земјотреси и поплави“!!! Ако нешто се насловува со поплави и со земјотреси, очекувано е дека навистина ќе се зборува за сериозна можност од поплави, а не дека ќе се демантира таквото сценарио. Тоа е пример за медиумско саморанување, а сè поради неаргументираниот и напумпан сензационализам.

Тука не завршуваат проблемите. Понатамошното читање ја покажува и површноста со која ѝ е пристапено на темата и неправењето разлика меѓу верувања и научни сознанија:

„Многумина се уверени дека Месечината и нејзината поврзаност со Сонцето допринесуваат за плимата и поплавите, но и за земјотресите ерупциите на вулканите, а оние кои веруваат во „пророштво на крвавата месечина“ тврдат дека ќе следи апокалипса.“

Како може научно потврденото директно влијание на Сонцето и Месечината врз појавата на плимата да се изедначува со некакво си „уверување на многумина за некаква си поврзаност“. Во најмала рака е небулозно во ист кош да се мешаат плимата и појавата на „црвена“ месечина како објасниви феномени од една и нечии, во случајов неименувани, суеверија од друга страна. Едноставно, во текстот не е направена потребна и неопходна дистинкција меѓу научните факти и народните преданија за несреќите што следат по „крвавата месечина“. Ова се должи на „лежерниот“ пристап, недоволниот ангажман и најверојатно лошиот превод од можните оргинални четива.

Значи, не грижете се, како што ни се сугерира во текстов, ќе нема поплави, а за вакви непотребни „медиумски земјотреси и поплави“ нема гаранција дека нема пак да се појават.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови