Рецензии: Русија кажа дека нема да дозволи повторување на украинско сценарио
Објавено во Рецензии
on 9 - 02 - 2015 Автор: Љубомир Костовски
Во многуте анализи што се појавија во медиумите во врска со аферата „Пуч“, најмалубројни се оние поврзани со реакциите на меѓународната јавност. Особено со реакцијата што дојде од руското МНР, кое ги изненади сите, бидејќи, од овој извор првпат имаме каква било реакција на состојби во Македонија. Овој текст тоа го „исправа“, ама на начин кој е повеќе од проблематичен – се влечат паралели со ситуации кои никако не држат. Едната е со ситуацијата со Украина, каде власта била сменета нелегитимно, па белки од Москва и тука виделе таков обид! Втората паралела е со потпишувањето на Рамковниот договор каде паралелата е уште почудна, што се признава од текстопишувачите, ама го оставаат како теза и таа добива право на граѓанство. Но, преку овој текст – ако веќе нема пронаоѓање на експлицитна поддршка за ставот на премиерот кон оваа афера – што како цел постои, тогаш менува некои официјални погледи во земјава околу два настани – Украина и Охридскиот договор.
Линк до оригиналниот напис: Русија кажа дека нема да дозволи повторување на украинско сценарио
Датум и време на објавување: 04.02.2015, 13:14
Датум на рецензирање: 06.02.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
„Русија менува нешто во односот кон Македонија и регионот. Тоа впрочем е и стратегија на Путин – да одржува равнотежа во меѓународните односи. Случајот со Украина покажа дека едни можат да се мешаат во внатрешните работи, други не. Тоа веќе не е така и тоа се кажува во соопштението на руското МНР, смета дипломатот Драган Јањатов.“
Овој вовед од страна на дипломат најмалку може да прифатен бидејќи укажува на мешање на баби и жаби – реакциите на настаните кај нас од страна на ЕУ и на САД се резултат на фактот што земјава е официјален кандидат за прием и во Алијансата и во Унијата! Се разбира, од оваа изјава ниту малку не е јасно каде е нашата врска со Украина – каде навистина дојде до смена на власта, при што, официјален став на Македонија е дека е тоа легитимна смена, ако не се лажеме. Или во МНР едно мислат, друго пишуваат? Имено, авторите требало да ги расчистат тие дилеми за контекстот на кој се водат тезите за тие да бидат навистина јасни или, што се вели, на чисто. Инаку создаваат нелогичности и полуалузии, што сериозна тема не смее да го дозволи.
Уште помалку јасна е идејата ставот на Русија да се поврзува со вооружениот конфликт кај нас во 2001 година. Во текстот стои дека Путин го поддржал претседателот Трајковски во неговата борба за надминување на состојбите, ама се дава цитат кој, практично, иако индиректно, значи дека до Охридската спогодба не требало да дојде. И, ако сега се гледа во контекст на ставот на Русија кон Украина, па кон конфликтот во 2001 година кај нас, па се става изјавата на МНР на Русија од 31 јануари, каде се изразува страв од нарушување на состојбите во регионот преку распукување на меѓунационалните односи, се добива една конструкција која сама по себе е опасна и која загрозува некои стандарди кои се усвоени во земјава и во меѓународните односи.
Тоа е текст кој треба да биде сфатен како асоцијација и кој користи еден анонимен руски извор од дипломатијата, што е секако проблематично и згора еден новинар на московски „Комерсант“, чиј коментар не е сосем одреден и дециден. Од сето произнесено, во основа без каков било релевантен факт, текстот на крајот ја извлекува тезата – оставена во меѓунаслов – дека ние сме некаква жртва на конфликтот меѓу Западот и Истокот. Не треба многу да погодувате кои се „добрите момчиња“ во приказната и кои стојат зад „подбуцнувањата за пучот“.
Во некои подобри времиња, со професионален МНР, за ваков текст би требало да следи реакција од таа страна. Засега ја нема.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
Написот прави невозможна коегзистенција на различни настани
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови