Растресен текст само за на „Фејсбук“
Објавено во Рецензии
on 13 - 09 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: ЕПА СЕ СТРЕСЕ БРАНКО: Бранко стресен од земјотресот, исплашен, во тренерки чека пред зграда!]
Ваков текст тешко може да се нарече новинарски, но ете, Македонија е земја на чудата, па и тој постои! Методологијата по која се раководи „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ како да е правена за овој текст. Покрај сето тоа, написот е лошо напишан, со граматички грешки кои говорат за основно непознавање на македонскиот јазик.
Линк до оригиналниот напис: ЕПА СЕ СТРЕСЕ БРАНКО: Бранко стресен од земјотресот, исплашен, во тренерки чека пред зграда!
Датум и време на објавување: 11.09.2016
Датум на рецензирање: 13.09.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
Една ваква фотографија и коментар може да „поминат“ на социјални мрежи, од каде, претпоставуваме, е „набавена“ фотографијата. Сепак, во медиум тоа не може да помине. Одамна требало да се научи лекцијата дека „Фејсбук“ и портал не е исто и дека медиумите имаат кодекс на однесување.
За да се тврди дека тој на фотографијата е Бранко Црвенковски, мора да постојат и аргументи за тоа, особено во ваков случај, кога таа е матна, сликана оддалеку и не може со сигурност да се каже кој е на неа. А во аргументите влегуваат: изјава од посочениот лик, адреса или местото каде што е направена фотографијата, сигурен извор, соговорници…
Ништо од ова нема во текстот. А доволно било да се праша каде е направена фотографијата и, евентуално, да се побара некој очевидец. Вака останува само да веруваме на текстот, а тој не ни нуди доволно докази за тоа.
Дополнително, текстот е полн со коментари, чудни формулации на реченици и обид да се омаловажи поранешниот претседател на СДСМ.
Како и да е, овој текст не задоволува ниту едно прашање од новинарските норми на пишување. Неетички, тежок за верување, нејасен, несодржаен, необјективен, сè на куп. Затоа и ова нешто што се вика напис може да „помине“ на „Фејсбук“, ама во медиум – никогаш.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови