verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пулсот на манипулацијата и на срамот

on 16 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Експонентите работат за алб_ - http___www.puls24.mk_mk_vesti_eksp

[Рецензија: Ескпонентите работат за Албанец премиер]

Еден од врвните прогресивни принципи на новинарството е вграден во преамбулата на Кодексот на новинарите. Тој им укажува на новинарите каква е нивната улога во едно демократско општество:

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за зајакнување на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

Во медиумската содржина што ја рецензираме не може да се препознае ниту најмала трага од вредностите што ги налага оваа препорака од Кодексот. Напротив, текстот оддишува со исклучивост и со отфрлање на слободата на изразувањето, како едно од основните човекови права. Уште повеќе, во оваа содржина се напаѓа личноста и интегритетот на авторот на мислењето изразено на една од социјалните мрежи и се накалемува обвинување за кое нема никаква основа.

05132016-Puls24-FilipЛинк до оригиналниот напис: Ескпонентите работат за Албанец премиер

Датум и време на објавување: 11.05.2016                                

Датум на рецензирање: 15.05.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

НАКАЛЕМЕНО ОБВИНУВАЊЕ

Авторот на содржината на социјалната мрежа само искористил една од алатките достапни на тој медиум за да анкетира одговори на прашањето:

Дали е во ред етнички Албанец да стане премиер, претседател или министер за надворешни работи на РМ?

Прашањето е сосема легитимно, ако ја земеме предвид пораката од претходно споменатиот параграф од новинарскиот кодекс, кој налага да се почитува плурализмот на идеите и на ставовите.

Наместо почитување на овие принципи, уште во насловот на медиумската содржина што ја рецензираме, се прави спин и манипулација и на пропагандистички начин авторот на изразеното мислење се прогласува за „експонент“ на таа идеја. Небаре, станува збор за баукот и за најголемиот кошмар на нацијата!

Но, тоа е потребно за да се подигне температурата на хушкање, бидејќи друга новинарска причина за едно такво пропагандистичко пакување  – нема.

Потоа следува и манипулацијата  со фотографијата, којашто овде е намонтирана за да се предизвикаат дополнителни емоции за фобија од друга етничка група која се претставува како закана.

Целиот текст е, всушност, коментар што сее страв и што има цел да поттикне омраза.

 

МАНИПУЛАЦИЈА

Следниот проблем на оваа медиумска содржина е вистинитоста, односно повторно манипулација со алатките на социјалната мрежа. Имено, во намерата да се понижи изразеното мислење, направена е погрешна интерпретација на елементот време, со кој се определува рокот на истекувањето на анкетата. Манипулацијата вели дека поминале 23 часа и дека „никој не загризал на анкетата“ , а, всушност, вистината е дека  – до крајот на анкетата остануваат уште 23 часа (и 12 минути, да бидеме најпрецизни). Има разлика, нели!

Инаку, вистината е дека на крајот на анкетата на неа гласале 309 учесници и ја ретвитнале 21.

Filip Stojanovski razvigor Twitter

И, на крајот, уште една манипулација со вистината поврзана со овој цитат:

„Инаку Филип Стојановски е дете на офицер на поранешната ЈНА, армија која што при заминување од Македонија го украде оружјето, ги однесе дури и кебињата и штекерите во надеж дека ќе не направи лесен плен за соседите кои сакаат да не уништат.“

Вистината и за ова е една и единствена, а не оваа која се сугерира. Таа е објавена како личен демант на авторот на анкетата на еден од форумите на социјалните мрежи и таа вели дека таткото на Стојановски воопшто не бил офицер на ЈНА, туку обичен војник и тоа точно 14 години пред повлекувањето на ЈНА.

Што друго да заклучиме освен… Ајде, ќе оставиме вие, почитувани читатели на „Сервис за проверка на фактите“, да ги пополните овие три точки.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Повеќето се неточни

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови