Првото место на Балканот не е гаранција за слободна економија
Објавено во Рецензии
on 3 - 02 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Македонија прва на Балканот и 47. во светот според економските слободи]
Дали треба да паднеме во бесознание од воодушевување дека Република Македонија е прва од земјите на Балканот на Индексот на економски слободи 2016? Тоа го сугерира насловот и тонот што преовладува во новинарскиот текст што го рецензираме.
Во вакви случаи, секогаш се поставуваат прашањата: Зошто ни е потребно сето ова? Заради засилување на националната самодоверба или заради манипулација со реалната фактичка состојба?
Зашто, така медиумски третиран, овој факт не е соодветен на реалноста. Но, да видиме зошто?
Линк до оригиналниот напис: Македонија прва на Балканот и 47. во светот според економските слободи
Датум и време на објавување: 01.02.2016, 11:54
Датум на рецензирање: 03.02.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ПОЛОВИЧНА СЛИКА
Дали фактот дека Република Македонија е на чело на листата балкански земји е доволен показател дека земјата е со високи економски слободи. Не! Зашто првото место на Балканот не е никаква гаранција и, што е уште поважно, не ја оддава целата слика за тоа какви се реалните економски слободи во земјата.
Целата слика вели: Според индексот на економски слободи Македонија е во категоријата умерено слободни земји. Уште повеќе детали и нијансирање на таа слика го прави изворното пренесување на толкувањето на позицијата на Македонија, а тоа толкување вели дека подобрувањата во законодавството креираат стабилна клима за домашните и за странските инвеститори. Забележани се подобрувања во однос на фискалната слобода, трговската слобода и ефикасноста на регулаторите. Но, загриженост претставуваат имотните права и корупцијата и се наведува:
„Иако законодавната рамка во Македонија е добра, спроведувањето на правото е слабо и јавноста е скептична околу волјата на власта да ги гони функционерите за корупција. Полицијата, судовите, високото образование и здравството се гледаат како најкорумпиран сектори. И покрај тоа што постои законска основа за заштита на сопственичките права, спроведувањето е проблематично…“
Тоа се оцените што мора да бидат вклучени во една реална медиумска интерпретација на овој извештај. Уште повеќе, за да бидеме реални докрај, извештајот во делот на владеењето на правото, каде што оцените за заштита од корупција и на имотни права се 35, односно 44, што ја става земјава во неслободни во однос на овие две прашања.
Тоа што треба да се истакне како позитивно е нагорниот пораст во последните години, но тоа, очигледно, сè уште е далеку од импресијата што ја создава медиумската содржина што ја рецензираме.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови