Провладин афирматор – експерт за сè
Објавено во Рецензии
on 23 - 03 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: ЕКСПЕРТИ ЗА ОТЧЕТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Ваквиот потег е врв на транспарентност кон граѓаните]
Како што „една ластовичка пролет не носи“, така и мислење на еден човек не значи и генерална и апсолутна експертиза за одредено прашање. Во случајов, ни се нуди текст што најавува експерти, а, всушност, сервира само една позиција и тоа на личност која во јавноста е позната како ревносен афирматор на политиките на актуелната власт и на потезите на шефот на владејачката партија.
Линк до оригиналниот напис: ЕКСПЕРТИ ЗА ОТЧЕТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Ваквиот потег е врв на транспарентност кон граѓаните
Датум и време на објавување: 21.3.2016 , 12:38
Датум на рецензирање: 23.03.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ЕДНА ЛСТОВИЧКА ПРОЛЕТ НЕ НОСИ!
Овој текст очигледно е изнедрен од потребата за што е можно поголемо актуализирање и високо медиумско позиционирање на настанот на кој ВМРО-ДПМНЕ даваше јавен отчет за досега сработеното. Намерата на конкретниот, но и на низата други случни написи, е на публиката да ѝ се „истураат“ епитети за чинот на владејачката партија како врв на транспарентноста.
Впечатокот при читањето на материјалот е дека примарната цел била да се повторат дел од изјавите на Никола Груевски, а од секундарно значење се ставовите на експертот. Значи, работата е, пред сè, пак да го слушнеме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, па потоа да видиме што мислат познавачите. Но, токму тука е најголемиот проблем на овој текст.
Имено, има став на само еден човек, иако насловот се фали со експерти и, како што веќе напоменавме, не може врз основа на едно мислење да се прави генерализација. Плус, изјавата е од шпоранешниот диплом, познат по тоа што коментира за сè живо и диво, од домашна политика до геостратешки прашања, од Америка преку Скопје и Атина, па до Владивосток, и безмалку секогаш е многу наклонет на чекорите на актуелната власт. Тоа нè води до сржта на проблемот дека текстот навистина има едностран пристап зашто се консултира мислењето на човек, еве, нека биде и експерт, чии ставови се речиси секогаш на иста линија со тие на владејачката партија.
Ако веќе сè одело на такво соговорничко решение, тогаш морало да сè има барем уште еден соговорник кој би бил противтежа, своевиден баланс во материјалот. Ама ангажманот завршил само на еден извор на информации кој не треба да биде консултиран баш за сè и не може да биде оставен осамен во содржината која е креирана исклучиво во афирмативна конотација.
Кога ќе се прочита:
„Според познавачите, останатите партии треба да го следат овој пример и со дела, а не само со зборови, да покажат што сработиле во интерес на граѓаните“,
навистина се очекува дека ќе следува нешто повеќе од:
„Поранешниот дипломат Ристо Никовски нагласува дека ова што го направи ВМРО-ДПМНЕ веројатно не го прави никој и треба да се поздрави.“
Ако така вели тој, „сигурно“ е во право, нели?!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови