Просечно еманципираниот и едуциран читател ќе рече „глупости!“
Објавено во Рецензии
on 11 - 08 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Како градоначалникот од ЛДП се справува со поплавите на аеродром!?]
„Глупости“, ќе рече просечниот еманципиран и едуциран корисник на медиумски содржини, откако ќе го прочита овој текст. Но, не и внимателниот рецензент на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“.
Зошто? Затоа што внимателниот рецензент ќе тргне во потрага по одговорите на прашањата зошто претпоставил таква реакција на еден просечно едуциран и еманципиран читател.
Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: Како градоначалникот од ЛДП се справува со поплавите на аеродром!?
Датум и време на објавување: 09.08.2016, 22:51
Датум на рецензирање: 10.08.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ЗА ПРЕДАВНИЦИТЕ И ЛАЖНИТЕ ПАТРИОТИ
Првото прашање, и сосема логично, е дали навистина фотографијата врз која се гради целата оваа медиумска содржина е автентична и дали навистина на неа е градоначалникот на општината Центар?
Зошто би поверувале кога не му го гледаме лицето. Кога веќе „загрижени и револтирани граѓани“ испратиле фотографија, можеле да се погрижат да бидат покреативни и да достават фотографија која без сомнеж ќе потврди дека ликот на фотографијата е токму посочениот градоначалник.
Ние рецензираме напис кој се повикува на текст од друг медиум, но не е посочен линк до него. Тоа е непрофесионален гест и сериозно го доведува во прашање односот на тој што ја презел веста кон порталот каде што таа е изворно објавена. Ако тој што ја презел и пласирал веста има таков однос, зошто читателите би имале поинаков?!
Мора да се биде критичен при изборот на изворот и да се провери дали се точни доставените информации. Добра практика е да се настојува при избор на изворите тие да бидат разновидни и релевантни.
Во овој случај немаме ниту еден аргумент да профатиме дека се работи за релевантен извор, а разновидност не е секогаш квалитет. Се разбира.
И тоа не е сѐ, би подвикнале тука оние од емисиите за телевизиска продажба. Со оваа непроверена, непотврдена и во голема мера сомнителна автентичност на фотографијата, ќе добиете и еден куп коментари интегрирани во текстот. И тоа од оние најквалитетните – за предавниците и за лажните патриоти.
Освен тоа, просечно едуцираниот и еманципиран читател знае и да споредува и, во овој случај, да се запраша: Како да се прифати вистинитоста на оваа информација, кога истиот ден кога е конструирана, градоначалникот на општината и советниците организирале солидарна помош за настраданите граѓани во Скопје?!
Овојпат оценките на имагинарниот просечно едуциран и еманципиран корисник на медиумски содржини и на внимателниот рецензент на „Сервисот за проверка на фактите од медиумите“ се совпаднаа. За волја на вистинината – и не е за изненадување.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови