verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пропагандистичка збрка што се претставува како вест

on 24 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #259 - 'Kryetari i Likovës,Duraku, vazhdon me realizimin e premtimeve, rikonstruon gjitha shkollat, rrugët… (Foto) I IliriaNews' - www_ilirianews_mk__p=1015

 

Напис: Градоначалникот на Липково, Дураку, продолжува со реализација на ветувањата, ги  реконструира сите училишта, улиците

Градоначалникот на Општина Липково, Садула Дураку продолжува со реализација на големите ветувања.

Меѓу најважните реализации е проектот за реконструкција на сите основни училишта во Општина Липково, каде што ќе се постават нови и поквалитетни прозорци, ќе се инсталира централно греење, ќе се постави ламинат во училниците итн, со што основните училишта ќе бидат на ниво на европските стандарди.

Работите во оваа насока се очекува да завршат во што пократок рок и од септември учениците ќе ги најдат нивните училници во одлични услови.

Исто така, во рамките на овие реформи, продолжува и средувањето на дворот на средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково, каде што работите се одвиваат на соодветен начин и се очекува средувањето да заврши што побргу.

Освен горенаведените проекти, градоначалникот Дураку продолжува со проектот на поплочување на сите патеки во населбите на сите села од Општина Липково, (Опае, Слупчане, Хотле, Матејче…итн), со што ќе се олесни движењето на граѓаните.

Истовремено, во продолжение на овие активности, во село Матејче ќе се реализира еден дел од фекалната канализација во должина од 360 метри. Независно од сите нагласени ангажмани, Општина Липково не се двоумеше да ја изрази својата хуманост кон оштетените жители во населбата Сингелиќ (Хасанбег) и ќе подари сума од 400.000 до 600.000 денари.

 

[Рецензија: Градоначалникот на Липково, Дураку, продолжува со реализација на ветувањата, ги  реконструира сите училишта, улиците]

Новинарот нема право да прави пропаганда за еден субјект или едно лице, била таа позитивна или негативна. Новинарските интереси се еднакви со интересите на јавноста и никогаш со тие на институцијата или субјектот што цели кон политички маркетинг. Во оваа насока, новинарските написи не смеат никогаш во себе да вклучуваат содржини кои се спротивни на професионалните начела или што ги пречекоруваат интересите на читателот и му одат во прилог на некој друг, во овој случај Општина Липково.

Текстот што го рецензираме е една збрка или мешавина на прашања, кои имаат цел – позитивна пропаганда на општинските активности.

„Градоначалникот на Општина Липково, Садула Дураку, продолжува со реализација на големите ветувања. Меѓу најважните реализации е проектот за реконструкција на сите основни училишта во Општина Липково, каде што ќе се постават нови и поквалитетни прозорци, ќе се инсталира централно греење, ќе се постави ламинат во училниците итн., со што основните училишта ќе бидат на ниво на европските стандарди. Работите во оваа насока се очекува да завршат во што пократок рок и од септември учениците ќе ги најдат нивните училниците во одлични услови“.

 

Kryetari i Likovës Duraku screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Градоначалникот на Ликово, Дураку, продолжува со реализација на ветувањата, ги  реконструира сите училишта, улиците

Датум и време на објавување: 16.08.2016

Датум на рецензирање: 17.08.2016

Рецензент: Адриан Керими

Дека текстот е земен готов, покажува и фактот што во текстот институцијата зборува во прво лице. Од првиот до последниот ред, никаде не се цитирани изворите од каде се обезбедени податоците, фотографиите во текстот, како и цифрите, кои се содржани во написот со толкава сигурност. Без да се цитираат извори, не може да се одреди вистинитоста на текстот.

„Исто така, во рамките на овие реформи, продолжува и средувањето на дворот на средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково, каде што работите се одвиваат на соодветен начин и се очекува средувањето да заврши што побргу.

Освен горенаведените проекти, градоначалникот Дураку, продолжува со проектот на поплочување на сите патеки во населбите на сите села од Општина Липково, (Опае, Слупчане, Хотле, Матејче…итн), со што ќе се олесни движењето на граѓаните“.

Новинарот треба да биде лице одговорно за односи со јавноста само на неговата редакција. Во овој текст се забележува еден вид восхит што новинарот го покажува меѓу редови и во редовите, кои имаат цел – промовирање на Општина Липково, нејзиниот градоначалник и активностите на оваа локална власт.

„Истовремено, во продолжение на овие активности, во село Матејче ќе се реализира еден дел од фекалната канализација во должина од 360 метри. Независно од сите нагласени ангажмани, Општина Липково не се двоумеше да ја изрази својата хуманост кон оштетените жители во населбата Сингелиќ (Хасанбег) и ќе подари сума од 400.000 до 600.000 денари“.

Дека текстот е составен од многу прашања со пропагандна цел, се потврдува и од фактот дека уште во линкот на официјалната страна на Општина Липково, во категоријата „Активности“ се појавуваат неколку вести или соопштенија кои се објавени од службата за информации во оваа општина. Сите елементи што ја составуваат оваа вест, почнувајќи од реконструкцијата на училиштата до „хуманистичката готовност на Општина Липково“, за давањето помош за жителите од Сингелиќ кои беа оштетени од поплавите, на официјалната страница на Општина Липково може да се прочитаат како известувања или објави, секоја за себе.

Од друга страна, собирањето и именувањето со името вест на сите овие известувања, во професионалниот јазик се нарекува поинаку. Пропаганда.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови