Kога има пропаганда во новинарството, слична е на партиската!
Објавено во Рецензии
on 1 - 03 - 2017 Автор: Adrian Kerimi
Напис: И Агим Винца исто како Беса, бара редефинирање на државата
[Рецензија: И Агим Винца исто како Беса, бара редефинирање на државата]
Написот е типичен текст кој сведочи како функционира пропагандата преку медиумите. Пропагандата користи многу извори како модели, макар и нерелевантни, со единствена цел да ѝ наметне на јавноста ставови и проценки, кои потоа се претвораат во некој вид дејство. Конкретниот текст користи став од еден публицист, кој, всушност, изнел став за настаните во Македонија, но без да конкретизира некој субјект или да поддржи некоја платформа. Врз основа на овие ставови и, секако, имајќи ја предвид пропагандната улога, конкретниот медиум изгледа го пресекол тој дел од ставот на публицистот што му одговара за ја постигне својата цел.
„Професорот, писател, публицист и интелектуалец Агим Винца рекол дека за да постои и да напредува долгорочно како држава, Република Македонија треба да се редефинира, дефинирајќи се со Устав како држава на двете најголеми етнички заедници, словенските Македонци и етничките Албанци, како и на другите заедници што живеат во неа“.
Иако цитатот е преземен од друг медиум, ова не е спомнато во ниту еден дел од текстот. Тука едноставно е парифразиран цитатот, а на крај не е наведен ниту еден извор. Факт е дека изјавата е преземена од еден косовски дневен весник и ова се забележува уште од фотографијата која е прикачена на овој текст. Неатрибуција на медиумот кој изворно ја напишал оваа изјава, овој текст го прави и плагијат.
„Чудно е што лидерите на албанските политички партии во Македонија многупати се покажале повредни отколку нивните колеги Македонци, во заштита на Македонија како држава, станувајќи вака нејзини верни „чувари“. Македонија, како што сум истакнал уште пред четврт век во мојата книга „Назапирливиот народ“ (1992), е мултиетничка, мултикултурна и мултиверска држава и може да опстане само како таква, а не како унитарна држава, во која македонската страна сака со фанатизам да ја зачува нејзината привилегирана хегемонистичка позиција. За да постои и да напредува како држава подолгорочно, Република Македонија треба да се редефинира, дефинирајќи се со Устав како држава на двете поголеми етнички заедници, словенските Македонци и етничките Албанци, како и на другите што живеат тука. Ова, според моето мислење, е кондитио сине ква нон (услов без кој не се може) за опстанок на Македонија како држава, рекол Винца.
Линк до оригиналниот напис: „И Агим Винца исто како Беса, бара редефинирање на државата”
Датум и време на објавување: 21.02.2017
Датум на рецензирање: 22.02.2017
Рецензент: Адриан Керими
Пропагандата се забележува во последниот пасус. Текстот завршува со една дополнителна информација, која не му е потребна на текстот. Истакнувањето на Движењето Беса ја потврдува целта на авторот на целата вест да ѝ даде поддржувачка конотација, која наводно ја даваат интелектуалците надвор од државата за еден политички субјект.
„Инаку, Движењето Беса е тоа што долго време преку својата платформа за редефинирање, ја предвидува големата промена на општествено-политичкиот статус на Албанците во Македонија, како и инсистира за спроведување на оваа платформа“.
Освен овие професионални недостатоци и пропагандистичкиот елемент во самата вест, и насловот на веста е тенденциозен и ја содржи истата субјективна и коментаторска јадица. Споредил еден поединец со еден субјект, прекршувајќи го вака правото на читателот сам да направи проценки и споредби. Да не заборавиме, улогата на новинарот не е ова, туку едноставно да ѝ обезбеди на јавноста информација која ќе ѝ овозможи да биде добро информиран во изборот на нештата што допираат до нејзиниот интерес.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
дел од нив
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не
извртување на вистина (спин)
можеби
наклонетост
политичка пристрасност, комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови