verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пропагандата се крие зад непрофесионалното новинарство

on 17 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 218 - Ku po fshihet Muki_ I Iliria New_ - http___ina-online.net_ku-po-fshihet-muki_

 

Напис: Каде се крие Муки?

Пратеникот Aлбанец од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири, пред да даде заклетва во Собранието на Македонија, тврдеше дека ќе ги оствари сите дадени ветувања за време на предизборната кампања.

Цитирајќи го пророкот Мухамед, тој исто така вети дека ќе ја зборува вистината и само вистината, известува новинската агенција ИНА.

Зекири вети официјализирање на албанскиот јазик, но кога почнаa математиките за составување влада, тој е молчелив како никогаш порано.

Чудниот молк на СДСМ кон албанската платформа ги зачуди Aлбанците во Македонија, кои ѝ дадоа повеќе од 50.000 гласови. (ИНА)

 

[Рецензија: Каде се крие Муки?]

Новинарите се должни да ги знаат и да ги почитуваат начелата на функционирањето, како во новинарството, така и во политика. Исто така, тие се должни морално и професионално да не станат дел од настанот или од сторијата за која известуваат и да не бидат дел од прашањата што ги третираат или за кои информираат. Кога создава информативна содржина за јавноста, новинарот не треба да ги зема при срце работите и не смее да падне под влијание на емоциите.

Веста што ја рецензираме се однесува на еден тенденциозен пристап кон еден пратеник. Нормално дека молкот на еден пратеник за одредено прашање не мора да значи молк и за новинарот, но и непочитувањето на одговорноста од страна на новинарот за да известува на начин на кој налагаат правилата на професијата, е сосема погрешен пристап и за ова не е виновен пратеникот, туку самиот автор на текстот.

„Пратеникот Aлбанец од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири, пред да даде заклетва во Собранието на Македонија, тврдеше дека ќе ги оствари сите дадени ветувања за време на предизборната кампања. Цитирајќи го пророкот Мухамед, тој исто така вети дека ќе ја зборува вистината и само вистината, известува новинската агенција ИНА“.

Едно од непрофесионалните дејства, но не и најфлагрантното во овој напис, е тоа што веста е почната со еден обид за презентирање на заднински информации. Не е испочитуван принципот на превртена пирамида, што подразбира дека текстот не е почнат со веста, туку со една дополнителна информација, обидувајќи се прво да ни ја даде заднината, но според личните толкувања на авторот. На овој начин се разоткрива тенденциозната цел.

Ku po fshihet Muki screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Каде се крие Муки?

Датум и време на објавување: 12.01.2017

Датум на рецензирање: 14.01.2017

Рецензент: Адриан Керими

Во текстот не пишува дали за тој досегашен „молк“ на пратеникот Зекири е побаран негов став за прашањата за кои се пишува. Тоа го нема на ниту едно место во текстот. Ова подразбира дека во написот нема вест, туку дека е само едно „потсетување“ за настаните, без најмал обид да се донесе нешто ново. Според професионалното новинарство, ова не претставува вест. Дури и ова потсетување  на ставовите на Зекири не се нуди на професионален начин, со цитати од именуваната личност и од времето кога тој го кажал тоа, туку само преку прераскажување во слободен стил на ветувањата и на неговите ставови од минатото.

„Зекири вети официјализирање на албанскиот јазик, но кога почнаa математиките за составување влада, тој е молчелив како никогаш порано. Чудниот молк на СДСМ кон албанската платформа ги зачуди Aлбанците во Македонија, кои ѝдадоа повеќе од 50.000 гласови“.

Но, да се вратиме на молкот. На почетокот истакнавме дека констатацијата за нечиј „молк“ не е почеток и крај на новинарската задача.

Како прво, ако за платформата на албанските партии не реагирал СДСМ, ова не подразбира дека целата одговорност оди на сметка на пратеникот Зекири. За ова, пред сè, новинарот треба да побара став од партијата. И да е така, не е етички, а ни професионално во новинарски написи само да се каже дека не е коментирана платформата на албанските партии и дека СДСМ сè уште молчи.

За секоја нова вест, потребен е нов став. Читателот нема потреба да се „информира“ за стари вести. Секој обид за нов став претставува став сам за себе, без разлика на реакцијата на другата страна, во овој случај на СДСМ, на прашањата на новинарот.

Освен тоа, наместо самиот да се стави во улога на аналитичар и толкувач на „молкот“, новинарот требало да направи нешто што не бара многу труд, да побара ставови од политичките ривали, мислења од добрите познавачи на политичките прашања и ситуации во Македонија, од други извори блиски на опозициската партија, политиколози и, зошто да не, и мислења на граѓаните за темата која е третирана во оваа содржина. На овој начин написот ќе беше нешто поблизу до една вистинска вест. На начинот на кој е составен, текстот е поблиску до пропаганда, еден коментар камуфлиран во вест и инструментализација на медиумот за лични пресметки со личности во политиката.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

дел од нив

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

можеби

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови