Пропагандата никогаш не може да биде вест!
Објавено во Рецензии
on 19 - 04 - 2016 Автор: Adrian KerimiНапис: Се крши чаирска ДУИ, Беса се пробива силно!
Разгранокот на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“ во Чаир дадоа „Беса“.
Вечерва Движењето Беса беше масовно пречекано во Чаир, а се основаа и месните совети (разграноците) на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“. За претседател на разгранокот на „Сами Фрашери“ беше избран економистот Ерхан Зубери, додека на „Братство единство“ – правникот Менсур Красниќи.
На присутните им се обрати и Беким Салиу, претседател на чаирскиот разгранок и член на централното раководство, Аднан Азизи и Блерим Сејдиу, а на крај присутните ги поздрави и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами.
[Рецензија : Се крши чаирска ДУИ, Беса се пробива силно!]
Новинарот треба да информира само врз основа на тоа што го забележува на местото на настанот. Негова улога е да ѝ овозможи на јавноста да се информира за тоа што не го видела и преку веста да им каже што, всушност, се случило. Меѓутоа, ова не подразбира дека тој има право во име на професијата да врши пропаганда за некој одреден субјект, што во овој случај се гледа јасно. Етичкиот кодекс на новинарите јасно одредува дека новинарот нема право да го користи медиумот за лични или пропагирачки цели. Веста што ја рецензираме, освен што е тенденциозна во насловот, врши и пропаганда надвор од секоја норма на професионалното новинарство, почнувајќи од првата редица.
„Разгранокот на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“ во Чаир дадоа „Беса“. Вечерва Движењето Беса беше масовно пречекано во Чаир, каде и се основаа месните совети (разграноците) на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“. За претседател на разгранокот на „Сами Фрашери“ беше избран економистот Ерхан Зубери, додека на „Братство единство“ – правникот Менсур Красниќи.“
Како беше пречекан едниот или другиот субјект на одредено место, не е работа што ја проценува новинарот. Не треба да се заборави дека заклучоците ги носи јавноста. Еден новинар никогаш не смее да го оспори правото на јавноста за да процени наметнувајќи им нешто преку еден новинарски напис.
Линк до оригиналниот напис: „Се крши чаирски ДУИ, Беса се пробива силно! “
Датум и време на објавување: 09.04.2016
Датум на рецензирање: 10.04.2016
Рецензент: Адриан Керими
За да се потврди тоа што го констатираме, односно пропагандата во овој напис, се потпираме на фактите. На пример, во еден од редовите на оваа вест се зборува и за поздравот на еден лидер, без да се даде ништо повеќе. Каде е веста тука? Еден лидер, доколку присуствува на еден собир со граѓани, нормално е да ги поздрави присутните, но и да им се обрати. Нема логика ниту е според стандардите тоа да биде дел од вест. Ако вреди тоа да се пренесе, тогаш, можеби, веста требаше да пренесе и поздрави што публиката му ги упатила на лидерот? Всушност, во професионалното новинарство, на вакви дела не им е местото во вест.
„На присутните им се обрати и Беким Салиу, претседател на чаирскиот разгранок и член на централното раководство, Аднан Азизи и Блерим Сејдиу, а на крај присутните ги поздрави и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами.“
Ова не е сè! Има уште еден дел што не е во ред со оваа „вест“, а тоа е нецитирањето на изворот на фотографиите. На прв поглед се гледа дека тие се позајмени од канцеларијата за односи со јавноста на Движењето Беса, но многу е важно изворот секогаш да биде цитиран. Блискоста на некоја редакција или автор со третираниот субјект во текстот, нималку не го оправдува прекршувањето на оваа одредба и новинарско правило. Независно од личните убедувања, амбиции и желби, новинарот треба да известува без пристрасност и без емоции.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност, комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
квалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови